Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ЗНАМ најави двајца кандидати за градоначалници, во Центар и Куманово
    Политика

    ЗНАМ најави двајца кандидати за градоначалници, во Центар и Куманово

    05/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор на ЗНАМ била усвоена одлуката за взаемна соработка со владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници, како и за самостојни советнички листи во повеќе од 50 општини во државата.

    Како што појасни Мемов, ваквата одлука значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи нивните кандидати и дека во тие општини тие нема да излезат со свој кандидат, додека од друга страна, пак, ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и Град Скопје.

    „Движењето ЗНАМ ќе даде поддршка на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и Град Скопје, а едновремено ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници од нашите редови. Кандидат за градоначалник на Општина Куманово едногласно е избран Максим Димитриевски, магистер по правни науки, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово. Кандидат за градоначалник на Општина Центар едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника и информатички технологии, претседател на градската организација Скопје и актуелен заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини“, посочи Мемов.

    На новинарско прашање зошто ЗНАМ кандидира само двајца свои кандидати за градоначалници, Мемов рече „на овие локални избори пристапуваме многу релаксирано, ослободени од каков било притисок за кандидирање на градоначалници во голем број општини по секоја цена“.

    Според него, во медиумите се креира наратив во врска со бројот на кандидати за градоначалници, но, како што рече, ЗНАМ многу внимателно го гради својот развој и доверба кон граѓаните.

    „Засега утврдивме кандидати за градоначалници во најголемата општина во Македонија, тоа е Куманово и во најзначајната општина во Скопје, тоа е Општина Центар. Процесот на аналитика и проверка за други општини се уште е отворен и не ја исклучуваме можноста да имаме кандидати за градоначаници и во други општини“, рече Мемов.

    Previous ArticleНајпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар е лауреат на „Прозарт 2025“
    Next Article Млад маж од Волково под истрага за полови дејствија врз 5-годишно девојче

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.