Пожарот во фабриката „Винчини“ ко јизбувна вчера и кој предизвика голема материјална штета, е целосно ставен под контрола, информираа во Дирекцијата за заштита и спасување. Оттаму велат дека опожарени биле три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), а сите имале сончеви панели на покривот.
„Спасени се линиите од 1 до 5. Во гасењето учествуваа пожарникари од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса“, информираат во ДЗС.