Во последното коло од квалификациите за СП 2026, Боливија славеше над Бразил со 1:0 и се искачи на седмото место кое води во бараж. Стрелец на победничкиот гол беше Мигелито од пенал во финишот на првото полувреме.
Венецуела потона на домашен терен, загуби од Колумбија со 3:6, иако двапати водеше. Херој на мечот беше Луис Суарез со четири гола, кои целосно ги уништија надежите на домаќинот.
Луис Суарез, кој летово се засили во редовите на лисабонски Спортинг, постигна дури четири гола, во периодот од 42. до 59. минута реализираше хет-трик, а во 67. со четвртиот гол целосно ги сруши соништата на Венецуелците.
Боливија така заврши седма со 20 бода, Венецуела осма со 18. Директно на Мундијал се пласираа Аргентина, Еквадор, Колумбија, Уругвај, Бразил и Парагвај, додека најголемо разочарување беше Чиле, кој заврши како последен на табелата.