Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мицкоски: Чадот од Дрисла се гледа, но нема загадување на воздухот, ако не сакаме проблеми со отпадот ни требаат модерни депонии
    Македонија

    Мицкоски: Чадот од Дрисла се гледа, но нема загадување на воздухот, ако не сакаме проблеми со отпадот ни требаат модерни депонии

    10/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По пожарот кој се уште е активен на депонијата „Дрисла“, Скопје е обвиено во чад, а мирис на изгорено се чувствува речиси низ целиот град. Во меѓувреме, Министерството за здравство не излезе со препораки за заштита на здравјето на граѓаните, а премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа е така бидејќи мерните станици не покажуваат загадување.

    „Иако визуелно се гледа чад, сепак нема зголемени параметри во воздухот кои би биле алармантни“, рече денеска Мицкоски, а пожарот на Дрисла го поврза со претстојните локални избори, алудирајќи дека на противниците на власта им одговара во моментов градот да се соочува со ваква криза.

    Тој вели дека за скопската депонија нема ад хок решенија, туку таа мора да се модернизира за да не се случуваат вакви инциденти.

    „На депонија се ослободуваат запаливи гасови и со еден отпушок може да настане пожар. Дрисла мора да се уреди, да се изгради со фабрика за производство на енергија, да се прошири капацитетот и да се затвори, за да не може секој да влегува и да ја потпалува“, вели Мицкоски и најави по изборите Дрисла ќе се модернизира со јавно-приватно партнерство.

    Тој смета дека во земјава мора да се изградат и регионалните депонии по европски стандарди, доколку сакаме вистински третман на отпадот. Ги спомена планираните проекти во Свети Николе, Новаци и Русино, за кои рече дека има многу отпор и од населението и од политички партии.

    „Не сакаме отпад, но сите создаваме отпад и тој мора некаде да се одлага. Таму каде што рековме дека ќе се изградат фабрики за отпад, налик на депонијата во Виена, по сите европски стандарди и за кои веќе имаме пари обезбедено од Европската Комисија, таму наидуваме на отпор и напади, дека не сакаат отпадот да се одлага токму кај нив. Но, ако ги направиме овие депонии со фабрики за преработка на отпадот и за производство на електрична енергија, тогаш нема веќе да имаме проблем,“ смета премиерот Мицкоски.

    Европската Унија (ЕУ) на земјава ѝ даде неповратни финансиски средства од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија по европски стандарди за Источниот и Североисточниот плански регион, но локалната власт на Општина Свети Николе е против да се гради проектот на локацијата близу селото Мечкуевци. Десет години се чека да започне изградбата на мултифунцкионалната регионална депонија за управување со отпад, која е повеќекратно поеколошка од сегашното решение со десетици диви и нестандардни депонии од кои се загадува водата, почвата и воздухот. За неа тендерот заврши во мај, а во моментов во тек е евалуацијата на понудите.

    Previous ArticleМуцунски во Стразбур ги одбележа Денот на независноста на Македонија и 30 години членство во Советот на Европа
    Next Article „Е*и ми го синот!“ – филм што ја тестира границата на фестивалот во Торонто, режисерот зборуваше за делото

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.