Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Се е подготвено за големиот Меѓународен турнир во пинг-понг “ЗЕГИН ОПЕН 2025”

    Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

    Филипче ѝ порача на Владата економски да ги заштити граѓаните

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Во Непал Парламентот во пламен, пад на владата и крвави немири
    Свет

    Во Непал Парламентот во пламен, пад на владата и крвави немири

    11/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Она што започна како движење предводено од генерацијата З преку социјалните мрежи, насочено против раскошниот живот на т.н. „непо-деца“ или „непо-бебиња“ односно децата на богатите политичари, заврши со пад на владата и со најсмртоносните немири во Непал во последните години, објави Си-Ен-Ен.

    Но, сега се поставува комплицираното прашање: што понатаму?

    Темни облаци од чад се издигаа над војниците кои спроведуваа полициски час низ празните улици на Катманду во средата наутро, додека кружeа гласини за можен состанок меѓу лидерите на младинското движење, армијата и претседателот на државата.

    По два дена хаос, изгледаше како да настапи тивок мир. Но, претходно десетици илјади луѓе излегоа на улиците, запалија клучни државни институции како парламентот и Врховниот суд и жестоко се судрија со силите на редот. Министерството за здравство соопшти дека 30 лица се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени.

    Немирите започнаа во почетокот на септември, кога група млади Непалци, огорчени од фотографиите на децата на политичарите со дизајнерски чанти на луксузни патувања, организираа мирен протест.

    Незадоволството тлееше со години, поттикнато од растечката невработеност на младите и недостигот на економски можности. Многумина тоа го гледаа како последица на сè поголемата нееднаквост меѓу елитите и обичниот народ.

    Кога владата минатата недела забрани повеќе од дваесет социјални мрежи меѓу кои Инстаграм, Фејсбук и Вацап, гневот ескалираше.

    „Натрупаната фрустрација беше причината за ова движење. Забраната на социјалните мрежи беше последната капка“, изјави за Си-Ен-Ен учесничката на протестите Сариша Шреста.

    Во понеделникот наутро, илјадници млади, меѓу нив и ученици во униформи, се собраа кај споменикот Мајтигар Мандала, во близина на федералниот парламент.

    Но, ситуацијата брзо излезе од контрола. Демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби вистинска муниција, водени топови и солзавец. Според официјалните бројки на властите во Непал, само тој ден загинаа 19 луѓе, а стотици беа повредени.

    Во деновите што следеа протестите станаа уште помасовни, а граѓани од сите возрасти го игнорираа полицискиот час. „Младите од генерацијата З побара одговорност и фер истрага за корупцијата и луксузниот живот на расипаните деца на политичарите“, рече Шри Гурунг, демонстрант кој се приклучил по вестите за убиени млади.

    Протестите кулминираа со палење на државни институции и грабежи на бизниси. Главниот аеродром беше затворен 24 часа. Запалени беа и Врховниот суд и комплексот Синга Дурбар, каде се сместени владините министерства.

    Во вторникот демонстрантите ја запалија приватната резиденција на премиерот Шарма Оли. Неколку министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи, поднесоа оставки. Под притисок, премиерот Оли исто така се повлече, наведувајќи ја „вонредната состојба“ како причина.

    „Тие не се само згради, туку дел од нашата историја и наследство“, рече Шреста, изразувајќи жалење за уништувањето.

    Армијата побара мирно решение преку дијалог, додека претседателот Рамчандра Паудел ги повика демонстрантите на разговори. Како можен кандидат за премиер во привремената влада се споменува поранешната претседателка на Врховниот суд, Сушила Карки, но постојат правни пречки.

    Многу од младите бараат ново раководство со поголемо учество на нивната генерација. „Непал е подготвен да види млади лица заедно со искусните“, вели адвокатот Сахадев Кхатри.

    Сепак, стравот од репресија останува. „Многу хаотично е. Сите Вацап групи се полни со стравови и дискусии“, изјави 24-годишна студентка по право, барајќи анонимност. „Се плашиме дека и студентите кои протестираа мирно ќе бидат мета“, додаде таа.

    Previous ArticleЛеонардо Ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис
    Next Article Киро Урдин автор на плакатот за „Браќа Манаки“: Уметноста е во нијансите, боите се униформа

    Поврзани вести

    Нетанјаху ја уби надежта за преостанатите заложници во Газа, смета премиерот на Катар

    11/09/2025

    Макрон го именуваше Себастијан Лекорну за петти премиер за помалку од две години

    10/09/2025

    Трамп смета дека израелскиот напад на Хамас во Катар не е начин да се вратат заложниците

    10/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Се е подготвено за големиот Меѓународен турнир во пинг-понг “ЗЕГИН ОПЕН 2025”

    Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

    Филипче ѝ порача на Владата економски да ги заштити граѓаните

    Касами тврди дека има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти низ целата држава

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.