Обединетото Кралство ќе обезбеди нова финансиска и институционална поддршка за заштита на правата на жените и девојките во земјите од Западен Балкан.
На Форумот за родова еднаквост во Сараево, специјалната претставничка на Обединетото Кралство за жени и девојки, бароницата Хариет Харман, најави средствата кои ќе им помогнат на организации како Фондацијата „Квина Тил Квина“ во борбата против родово базираното насилство и во зајакнувањето на граѓанското општество во регионот.
Дополнително, Велика Британија ќе помогне организациите од Западен Балкан да имаат пристап до глобалната клириншка куќа „Стоп за неконсензуалните интимни слики“. Платформата овозможува отстранување интимни фотографии споделени без согласност, а досега има избришано над 300.000 содржини со стапка на успех од 90 отсто.
„Денешниот свет се менува брзо и иако жените направија голем исчекор во
последните 100 години, мизогинијата е во подем, на улиците, на нашите екрани
и во нашите домови. Жените и девојките не само што се клучни за постигнување на нашите цели, туку и ќе го забрзаат нашиот успех.“ изјави Харман.
Форумот за родова еднаквост е вовед во лидерскиот состанок на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Лондон во октомври, каде шесте земји од Западен Балкан заедно со европските партнери ќе разговараат за унапредување на регионалната соработка.