Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Камбовски во МАНУ: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови
    Политика

    Камбовски во МАНУ: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

    15/09/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во обраќањето на конгресот што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Камбовски подвлече дека прашањето за националните идентитети, јазици и култура не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто, како што напомена, се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности.

    „Правото на самоопределување на поединците и народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите – дали ги прзинавате или не ги прзинавате“, потенцира академик Камбовски.

    Според него, Македонија и Бугарија во однос на спорот засега разговараат на лош начин, само преку еден канал – политичкиот, наместо да ги користат и останатите канали како науката и културата.

    „Треба упорно да работиме, да бараме комуникации – научни, културни и други за ‘очи в очи’ да ги расчистуваме работите. Ние сега сме закопани на две различни страни. Разговараме на лош начин за овие прашања, користејќи го само политичкиот канал, кој е само еден од каналите, а го запоставуваме овој, другиот канал. Кога би работел другиот канал, кој смета на тоа дека, да речеме, научната средина и кај нас и во Бугарија мора да се држи за своите освештени правила, а тоа е вистината, треба да се бори, и ние, па и Бугарите, за она што е вистина. Не можеме да ја политизираме науката, како што има тенденции да се политизира или да се инструментализира за остварување на вакви или онакви цели. Прашањата на спорења за јазици, за корените и слично треба да се остават на науката, таа треба да расправа за нив. Нема прашања кои не може да биде предмет на науката. Може да постојат различни стојалишта и постоеле секогаш, па дури и спорења, а има и непрестани спорења стотици години околу одделни прашања во науката“, потенцира Камбовски.

    Тој потсети дека ЕУ даде поддршка преку Планот за раст на Западен Балкан и ние треба да ја искористеме таа шанса.

    „Треба да ги забрзаме реформите кои се на линија на Копенхашките критериуми за да имаме тука силни аргументи. Ние имаме аргументи за тоа кои критериуми сме ги исполниле, но тие не се доволно убедливи и силни. Имаме партизација, висока корупција, култура на неказнивост, немаме демократски дијалог. Сето тоа мора да го подигнеме на потребно ниво за да ја зајакне нашата позиција утре, да се создаде преќутна обврска за другата страна да застане на наша страна, да нè поддржи, да каже ‘па чекајте, вие си играте со држава’. Во спротивно, ако застанеме тука, само ќе им дадеме дополнителни аргументи и на Бугарија и на која било друга земја, утре да користи вето или други пречки за нашиот пат кон ЕУ“, истакна академик Камбовски.

    Осврнувајќи се на Југоисточна Европа (ЈИЕ), укажа на потребата од што поголема соработка посебно во областа на културата, науката и знаењето, за на тој начин, како што нагласи, да се релаксираат постојните тензии.

    „Ние, како регион, проширувањето треба да го поврземе, во прв ред, развивајќи ги односите во областа на културата, науката, знаењето, за на тој начин да ги релаксираме тензиите што постојат меѓу одделните држави и нерешените проблеми: има отворени проблеми со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија, фрагментаризацијата на БиХ и ветото од една земја-членка, Бугарија над Република Македонија. Во однос, оосбено на ова прашање, ние мораме како наука, уметност да влијаеме и треба да влијаеме таквите прашања кои се поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамништето на вето и условувања за членство во ЕУ, туку дека треба да владее принципот на добра волја, добросовесност, поддршка на другите земји. А евентуалните такви спорови околу идентитетските прашања да бидат решавани низ комуникација, културен и научен дијалог, културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. Да создадеме клима во која ќе можат и политичарите да ги градат тие мостови на соработка, поаѓајќи од тоа дека прашањето за националните идентитети, јазици, култура, не може да биде предмет на билатерални спорови или на идеолошки различни пристапи зашто се работи за елементарни, фундаментални човечки вредности. Правото на самоопределување на поединците и на народите е природно право и тоа не можете да го дискутирате, или да го ставате во рамки на некои формални договори меѓу државите – дали ги прзинавате или не ги прзинавате“, рече Камбовски.

    Политиката на проширувањето, смета академик Камбовски, сега е под влијание на два клучни момента. Првиот, објасни, е проширувањето сфатено како континуитет на европската заложба да ги развива своите фундаменти како заедница (владеење на право, сигурност,..), а вториот момент е да се позиционира во новиот светски поредок согласно геополитичките случувања.

    На отворањето на Конгресот се обрати и заменик-претседателот на МАНУ, Витомир Митевски. Тој порача дека во време кога светот минува низ голема трансформација и низ значајни економски и политички промени, регионот треба да ги задржи заедничките врски.

    Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE) е формирана во 1963 година, со седиште во Париз. Функционира под покровителство на УНЕСКО и во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои национални комитети. Конгресите на AIESЕE се одржуваат секои пет години, а Скопје годинава прв пат е домаќин. Тринаесеттиот конгрес ќе трае од 15 – 19 септември и го организира Македонскиот национален комитет на AIESЕE при МАНУ.

     

    Previous ArticleНа депонијата Вардариште живеат 200 луѓе, тоа не е предизвик што се решава преку ноќ, вели Тошковски
    Next Article Почна процес за заштита на македонскиот рубин

    Поврзани вести

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    26/10/2025

    Хазби Лика и Гзим Острени подалеку од ДУИ, поблиску до Вреди

    26/10/2025

    Oсум дена пред финалното гласање за градоначалници и повтореното гласање во 4 општини

    25/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.