Земјотрес со епицентар во Грција, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, бил почуствуван и во југоисточните делови од Републиката, со
интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот
факултет во Скопје, земјотресот се случил утринава после 3 часот, на 290 километри југоисточно од Скопје, во близина на Света Гора.
Потресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија,
на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот, бил на длабочина од шест километри, а после него се случиле уште три последователни потреси.
