Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: На овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, владеачката коалиција вечерва побара поддршка од Струга, Вевчани и Ресен
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: На овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, владеачката коалиција вечерва побара поддршка од Струга, Вевчани и Ресен

    30/09/20256 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Тоа е договор којшто токму овде во Струга има за цел да нанесе директна штета на стружани. На сите оние стружани коишто длабоко во себе чувствуваат немир, револт и се згрозени од она повеќедецениско владеење на ДУИ во Струга. Која е целта на тој таен договор и која е целта на оваа коалиција? Прво, да направи дисипација на анти ДУИ гласовите, да ги подели стружани, а како тоа ќе го направат? Со тоа што истакнаа кандидат којшто како велеа на изобрите во 2021 година „ако сте кандидат за градоначалник, тогаш логично е да си дадете оставка“. Но, видовме дека кандидатот на Левица не си даде оставка од Собранието. Како можеме на човек којшто на почеток од кампањата не ја говори вистината да му веруваме дека има чесна намера, рече Мицкоски.

    На присутните на митингот во Струга, градот во кој ВМРО – ДПМНЕ нема кандидат за градоначалник, туку само советничка листа, им предочи дека имаат два избори, едниот, според него, е да одат сите назад, кон темното минато на криминалот, корупцијата, тендерите, распаднатата и одземена држава, а другиот е оној во кој ќе изберат чесни кадри во Советот, со чија помош ќе се спротистават, на наследениот трул систем.

    „Вистинскиот избор за Струга е советничката листа предводена од професорот Коста Хиохи. Тоа е вистинскиот начин масовно да излеземе, да ја поддржиме советничката листа, да го заокружиме бројот 9, поддржувајќи ја коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и на тој начин да и помогнеме на Струга да се ослободи од корупција, напластени проблеми и да ја градиме партнерски“, нагласи Мицкоски

    Посочи дека имаат проекти кои ќе бараат да ги исполни идниот градоначалник на Струга со поддршка на Советот, меѓу кои ги наброја целосната реконструкција на водоводната мрежа и изградба на катна гаража. Вети и изградба на нова градинка, за намалување на листата на чекање на која моментално имало 400 дечиња, за која доколку не покаже разбирање Општината, тоа ќе го направела Владата преку ресорното министерство.

    Обединети со заокружување на бројот 9 гласате за подобра Струга и ставање крај на децениското уназадување на градот,порача носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Општина Струга, Коста Хиохи.

    Тој истакна дека како советничка листа нудат конкретна програма со проекти и визија за Струга која нуди подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

    „За Струга која некогаш беше град на поезијата и бисер на двете води, а стана град на диви депонии, криминал, дивоградби, локални шерифи и корупција. Дивата депонија за која општината троши баснословни суми ја контаминира целата општинска територија, подземните води, реката Црн Дрим, ни го контаминира воздухот кој директно влијае за загрозување на животите на сите нас“, истакна Хиохи.

    Хиохи ги истакна проблемите со кои се соочува Струга и нагласи дека по долги стручни анализи и консултации со експерти изготвена е соодветна програма која ќе стави крај на девастацијата на градот.

    „Најпрво, со изборот на новиот градоначалник и Советот на општината, ќе иницираме конзервирање на дивата депонија до нејзина конечна дислокација. Набавка на нови соодветни возила за транспорт на селектираниот отпад. Паралелно на тоа, ќе извршиме ревизија на функционалноста на водоводната мрежа и детекција и санација на дефектите, но и на дивите приклучоци, при што ќе се изврши ослободување на мрежата и зголемување на нејзината функционалност и капацитет. Ќе обезбедиме средства за заживување на старата струшка архитектура. Исто така се обврзуваме да се избориме за градба на катни гаражи со преку 300 возила во најфреквентните делови на градот, со цел да го решиме проблемот со сообраќајниот хаос“ изјави Хиохи.

    Хиохи укажа дека со масовна излезност на граѓаните и со заокружување на бројот 9, граѓаните гласаат за промени, за проекти и за развој на општина Струга.

    Време е Струга да добие надеж за подобра иднина, развој и пораз на криминалот и корупцијата со референдумско гласање, рече на денешниот митинг во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

    „Долго време Струга е во рацете на луѓе коишто немаат чувство ни за своите, ни за туѓите. Во рацете на оние коишто се борат само за себе, но за да ги поништат сите други, во рацете на оние коишто тонат во криминал и коишто направија огромна штета и за Струга и за сите општини со кои раководат тие. ДУИ направи штета и за своите, и за Албанците, и за Македонците, Турците, Ромите и другите граѓани и во Струга и во другите региони“, истакна Сајкоски.

    Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја побара поддршката и од вевчанци.

    Мицкоски, барајќи ја довербата од вевчанци својот глас на локалните избори да го дадат за кандидатот за градоначалник, Спасе Кочоски и носителот на советничката листа предводена од Леон Даскалоски, забележа дека во Вевчани живее честит и гостопримлив народ, кој знае како се сака и чува Македонија.

    „Ова се избори за тоа, како како сакате да продолжи да се развива општината, затоа што во Вевчани не е само културата, важен е и духот кој го носите во себе, тука се и маалата, улиците, природата, зелените површини. На овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас“, подвлече Мицкоски.

    На Вевчани, нагласи тој, му треба домаќинско работење, а Кочовски покажал како одговорни и чесно се прави тоа.

    „На Вевчани му треба домаќинско работење, Спасе Кочоски во изминатите четири години покажа како во едни тешки услови како се работи чесно, одговорно и посветено“, потенцираше Мицкоски.

    Кандидатот и актуелен градоначалник Кочоски посочи дека пред четири години застанал пред сограѓаните со јасна и чиста заложба дека ќе работи за доброто на секој.

    „Ветив дека Вевчани ќе биде општина за сите, без поделби, без предрасуди, без разлика на партиска припадност, убедливост или различност. Денес по четири години можам гордо да застанам пред вас и да кажам дека ветеното го исполнив“, рече Кочоски, нагласувајќи дека со тимот изградиле функционална општина достапна за своите граѓани.

    Тој додаде дека неговата визија за Вевчани е поголема од четири години.

    „Нашата визија за иднината во која младите остануваат тука, а секој жител се чуствува сигурен, перспективен и достоинствен. Затоа денес повторно ја барам вашата доверба, не како градоначалник, туку како човек кој ќе ја оправда вашата доверба. За да ги завршиме започнатите проекти, но и за да отвориме нови перспективи со цел да го направиме Вевчани пример на локална самоуправа, која навистина работи во интерес на народот“, истакна Кочовски.

    Потсетувајќи на реализираните проекти во изминатите четири години, тој вети дека приоритет ќе остане инфраструктурата, но ќе се инвестира и во повеќефункционално игралиште, реконструкција на старата кино сала, доградба на градинката, како и нови и водоводни и канализациски линии…Вети инвестиции и во културата со акцент на вевчанскиот карневал, како и во здравството со реконструкцијата на ЈЗУ „Здравствен дом“…

    Освен во Струга и во Вевчани, ВМРО-ДПМНЕ  денеска одржа митинг и во Ресен.

    Previous ArticleЛабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните
    Next Article Стоиљковиќ: Одиме самостојно во Куманово, не да ги победиме другите, тие сами себе си ќе се поразат со омразата

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.