Првиот впечаток е најважен. Со години, влезот во Берово не ја отсликува убавината и потенцијалот на нашиот крај. Затоа, еден од нашите три врвни приоритети е целосно ново, модерно уредување на влезот во градот.
Ќе го прошириме патот, ќе изградиме безбедна патека за пешаци и велосипедисти, ќе засадиме ново зеленило и ќе поставиме модерно осветлување.
Создаваме порта кон Берово која што сите ја заслужуваме, модерна, зелена и гостопримлива.
Заокружете го бројот 9 за иднината, објави Петар Ружински кандидат за градоначалник на Берово.
