„Скопје мора да биде град што функционира, со чист воздух, уреден јавен транспорт, сигурна инфраструктура и културен живот достапен за сите. Најважно е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, а не обратно“, вели Трајановски.
Трајановски исто така нагласи дека токму младите се огледалото на градот и дека Град Скопје мора да обезбеди услови кои ќе им овозможат безбедност, пристап и развој.
„Не можеме да зборуваме за европски стандарди, ако учениците немаат безбеден превоз до училиштето. Тие се нашата иднина, а обврска на градот е да им го олесни секојдневието“, изјави Трајановски.

Освен организиран автобуски превоз, Трајановски во програмата предвидува и низа мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на средношколците и тоа, формирање на средношколски спортски лиги, поставување на автомати за рециклирање во училиштата со можност за кеш-бек пристап до културни настани по симболична цена организирани здравствени и ехо прегледи преку јавните здравствени домови бесплатни обуки за самоодбрана, обезбедување средства за менструална хигиена во сите училишта, работилници за комуникација меѓу родители и тинејџери, телефонска линија за пријавување насилничко однесување кон ученици…
Во програмата „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“ се опфатени и други приоритети како решавање на проблемот со водоснабдувањето, чистиот воздух, уличните кучиња, ГТЦ како нов дом на Градот, производството на пелети од страна на „ЈП Паркови и Зеленило“ за еколошко греење, и дузина други квалитетни решенија.
„Скопје треба да биде град на решенија, не на изговори“, вели Трајановски.
