Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Доделени уверенијата за мандат на градоначалникот на Општина Пехчево, Д-р Александар Китански и членовите на советот

    Зејнулаи пред дуелот со Вардар: Дерби не се игра, туку се добива

    (Видео) „Без да кажеш збор“ – новиот сингл на Мартинијан Кириловски што зборува со тишина, а освојува со емоција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Две опции – коалицијата СДС, ДУИ и Левица или коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на државата
    Политика

    Мицкоски: Две опции – коалицијата СДС, ДУИ и Левица или коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на државата

    06/10/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „На овие избори имаме две опции, две понуди едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалициските партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална, а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема“, нагласи Мицкоски.

    Тој посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, седум години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.

    „Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на  темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“, истакна Мицкоски.

    Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да судат според законот, а не според влијанија, порача Мицкоски од митингот во Македонски Брод.

    „Моментот што го чекале генерации е пред нас, време е за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судии кои судат според законот, а не според влијанија; институции кои штитат, а не кои молчат, процедури кои враќаат доверба, а не кои создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин брза, достапна и ефективна. Слободата не е само збор во уставот, туку жив начин на живот: слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. Здравствениот систем ќе биде столб на оваа држава модерни болници, достапни лекови, стручен кадар и превенција што штити семејства, наместо да ги остави ранливите сами да се борат“, истакна Мицкоски.

    Тој нагласи дека треба да се постават јаснми правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата која, според него, тоне животи и ја кочи промената.

    „Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот ќе вратиме одговорност, ќе го вратиме достоинството и ќе изградиме систем на кој гордо ќе му служиме. Заедно ќе ја допреме вистината, заедно ќе ја браниме слободата, заедно ќе ги исцелиме институциите и никогаш повеќе неправдата нема да биде нашата судбина. Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат работата на државата кочници што се вградени во институциите, што делуваат тајно или откриено. На сите нивоа, од најмалите служби до поголемите структури, постојат елементи кои функционираат како дел од една „длабока држава“ не само во едно Министерство или една партија, туку во мрежи кои понекогаш се шират низ партии, институции и, жално, понекогаш и низ етничките заедници“, истакна Мицкоски.

    Додаде дека најавениот ресет не е реванш, туку враќање на довербата во институциите и владеење на правото.

    Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.

    „Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9 да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“, заклучи Мицкоски.

    Previous ArticleДИК ги одобри акредитациите за набљудувачите на локалните избори
    Next Article Урсула фон дер Лаен наредната недела во Скопје

    Поврзани вести

    Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

    27/10/2025

    Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ

    27/10/2025

    Хазби Лика и Гзим Острени подалеку од ДУИ, поблиску до Вреди

    26/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Доделени уверенијата за мандат на градоначалникот на Општина Пехчево, Д-р Александар Китански и членовите на советот

    Зејнулаи пред дуелот со Вардар: Дерби не се игра, туку се добива

    (Видео) „Без да кажеш збор“ – новиот сингл на Мартинијан Кириловски што зборува со тишина, а освојува со емоција

    Вработен во обезбедувањето на Лувр помогнал во кражбата на вредниот накит

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.