Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ДИК ги одобри акредитациите за набљудувачите на локалните избори
    Политика

    ДИК ги одобри акредитациите за набљудувачите на локалните избори

    06/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За амбасадата на Кралството на Холандија беа одобрени 10 набљудувачи, за здружението Планинарски спортски клуб „Кап-Струга“ од Струга – девет члена, за Националниот совет за родова рамноправност – осум члена, за Институтот за соработка и развој-Франција – еден набљудувач, за Меѓународната фондација за изборни системи Вашингтон-САД подружница во Македонија – седум члена и за набљудувачката мисија на ОДИХР-Канцеларија за демократски институции и човекови права – седум лица.

    „Врз ова овластување ќе бидат издадени беџови кои на акредитираните набљудувачи ќе им послужат како идентификација. Секој овластен акредитиран набљудувач мора да го почитува кодексот за правила за набљудување на изборите и изборната постапка донесена од Државната изборна комисија“, истакна членката на ДИК, Светлана Карапетрова.

    До ДИК беа доставени пет приговори за лично избирачко право, односно кои се однесуваат на правото на проверка на граѓаните за нивните податоци во Избирачкиот список. Сите пет приговори беа одбиени од членовите на ДИК. Првиот приговор беше одбиен како неоснован откако по извршената проверка ДИК утврдила дека лицето е запишано во изводот од Избирачкиот список. Вториот приговор беше одбиен затоа што лицето нема пријавено последно живеалиште во Македонија како услов за да биде запишано во Избирачкиот список. Третиот приговор беше одбиен затоа што ДИК утврдиле дека лицето е малолетно и не ги исполнува условите да биде запишано во Избирачкиот список. Четвртиот приговор беше одбиен затоа што ДИК утврди дека лицето е уредно запишано во Избирачкиот список. И последниот петти приговор беше одбиен затоа што лицето кое го поднел приговорот според личните документи нема пријавено последно живеалиште во Македонија како услов за да биде запишано во Избирачкиот список.

    Претседателот на ДИК, Борис Кондарко информира дека лицата може да проверат на веб-страницата на ДИК за избирачкото место и на сите лица ќе им бидат доставени одлуките по електронска пошта на личната е-маил адреса.

    Previous ArticleИвановска од „Шанса за Центар“ најави обнова на СРЦ „Кале“
    Next Article Мицкоски: Две опции – коалицијата СДС, ДУИ и Левица или коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на државата

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.