Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Правдата не смее да биде привилегија на малкумина – по изборите тргнуваме во ресетирање на системот
    Политика

    Мицкоски: Правдата не смее да биде привилегија на малкумина – по изборите тргнуваме во ресетирање на системот

    08/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мицкоски во своето обраќање додаде дека правдата не смее да биде привилегија на малкумина, како и дека постојат кочници кои се вградени во институциите на државата и функционираат како длабока држава во државата.

    „Многу ме прашуваат изминатиов период, зошто и како не правиме реформи во судството, реформи во обвинителството. Тоа е нешто што претставува и за сите нас болка, бидејќи и судството, и обвинителството се сегменти коишто сè уште, претставуваат последните бастиони во одбрана на претходната влада. Ако некој ме праша зошто, затоа што инсталациите таму, и покрај десетиците би рекол, повеќе од стотина пријави коишто доаѓаат од надлежните институции, поткрепени со докази не ги процесуираат, туку ги држат во фиока. Но после овие локални избори, ќе се навратиме и на таа тема“, изјави Мицкоски.

    Тој потенцираше дека е време за ресетирање на системот, со цел да се изгради држава на правда, а во истата таа држава на правда правосудниот систем мора да биде непристрасен и непокорлив. Како што кажа тој, здравствениот систем ќе биде столб на државата, со достапни лекови, модерни болници и стручен кадар.

    „Моментот што го чекале генерации е пред нас,  време за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судии кои судат според законот, а не според влијанија; институции кои штитат, а не кои молчат; процедури кои враќаат доверба, а не кои создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин – брза, достапна и ефикасна. Слободата не е само збор во Уставот, туку жив начин на живот: слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. Здравствениот систем ќе биде столб на оваа држава — модерни болници, достапни лекови, стручен кадар и превенција што штити семејства, наместо да ги остави ранливите сами да се борат. Ќе поставиме јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата која тоне животи и ја кочи промената“, рече Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги потенцираше кочниците кои се вградени во сите институции и го кочат напредокот на граѓаните, затоа што тие функционираат како длабока држава, низ мрежи кои се шират низ сите институции, а понекогаш дури и низ етничките заедници.

    „Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат работата на државата, кочници што се вградени во институциите, што делуваат тајно или откриено, и тие ја претставуваат во суштина длабоката држава во државата“, заклучи Мицкоски.

    Previous ArticleНиколоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион
    Next Article Последни 10 дена од кампањата

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.