„Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската Унија“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На состанокот ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите–членки на Европската Унија вклучени во Берлинскиот процес.
На маргините од настанот, предвидено е министерот Муцунски да има повеќе билатерални средби.
