Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Спорт»„Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“
    Спорт

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    26/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пелистер со новиот стратег Милан Стојановски ја продолжи сезоната со надеж дека ќе успее да запише добри резултати. Поранешниот македонски репрезентативец, кој играше во белградски Партизан, а потоа како тренер ги водеше Раднички Пирот, Локомотива Белград, ИМТ и Телеоптик, максимално ја искористи репрезентативната пауза

    Паузата која се случи во првенството беше искористена за пријателскиот натпревар со Динамо Букурешт по повод 80-години од формирање на клубот и 40 години од навивачката група, каде што Пелистер славеше со 2:0. Дополнително, Стојановски имаше можност да дебитира и во официјален натпревар, бидејќи го водеше тимот во натпреварот од Купот, каде што загубија од Шкендија Арачиново со 1:0.

    “Му гостуваме на Силекс, а во некои други времиња ова ќе беше дерби на колото. Сепак, резултатската криза остави последици и лошиот период го позиционираше тимот во борба за опстанок. Противникот не е лесен, но ние мораме да освојуваме бодови. Гледаме дека нештата се менуваат во лигата, екипите кои имаа лош старт сега приредуваат изненадувања. Никогаш нема да биде лесно, противниците исто така се подобруваат, менуваат тренери, но ние мора да ја гледаме нашата страна”, вели Стојановски во пресрет на гостувањето во Кратово.

    Свое видување на мечот во Кратово даде и Филип Миленковски, кој потенцира дека порзот во Купот е минато и дека се насочени кон позитивен резултат, свесни дека битката за опстанок нема да биде лесна.

    “Сигурно дека нема да одиме со бело знаме! Купот е минато, се концентрираме на првенството и одиме за позитивен резултат. Борбата за опстанок ќе биде тешка, но одиме натпревар по натпревар. Знаеме дека потоа ќе играме неколку натпревари на домашен терен, но во овој момент сме фокусирани на Силекс и како да се вратиме непоразени”, рече Филип Миленковски.

    Денешните противници имаат богата меѓусебна историја, при што минатата сезона и двата клуба извојуваа победи во меѓусебните дуели од есенскиот дел на првенството.

    Мечот во Кратово се игра со почеток во 13 часот и 30 минути.

    Previous ArticleРусија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“
    Next Article Тројца загинати меѓу кои и дете во трагична сообраќајна несреќа во Белград

    Поврзани вести

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    30/05/2026

    Охриѓани подготвени за Татабања: Да испишеме историја за клубот

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.