Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ЦИА со почит за Глигоров што одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија
    Политика

    ЦИА со почит за Глигоров што одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија

    05/03/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Албанската новинска агенција ИНА, повикувајќи се на документите на ЦИА, ја открива внимателната дипломатска игра на Глигоров во раните 1990-ти години.

    Во документ од ноември 1992 година, од кој е тргната ознаката на тајност, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по отцепувањето од поранешна федерална Југославија, со новиот лидер, кој доаѓал од Белград.

    „Во време кога регионот тонел во крвопролевање, Глигоров успеал да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците. Во разузнавачките извештаи тој е опишан како ‘мудар реформатор’ со извонредно владеење на стратегиските детали“, пренесува ИНА.

    Сепак, она што најмногу им оставило впечаток во ЦИА е што Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија.

    „Документот открива изненадувачка заднина: и покрај итната потреба од економска помош, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери во износ од 100 милиони долари, со услов да се смени името на државата. Претседателот ги оценил грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека републиката дала доволно докази дека нема територијални претензии кон соседите, истовремено изразувајќи длабоко разочарување од Европската заедница, која ја поддржувала грчката вето-политика“, пренесува ИНА.

    Во документите на ЦИА на кои се повикува ИНА се оценува дека на регионален план, Глигоров имал многу внимателен однос кон Белград.

    Иако се обидувал да одржи комуникација со лидерите од поранешна Југославија, тој решително ги одбил обидите на српскиот претседател Слободан Милошевиќ да го убеди да формира асоцијација со преостанатата југословенска држава доминирана од Србија. Како што пренесува албанската агенција, документите потврдуваат дека Глигоров немал доверба во Милошевиќ и дека го сметал, заедно со хрватскиот претседател Фрањо Туѓман, за главен одговорен за крвавата југословенска криза. Наспроти тоа, тој воспоставил блиска соработка со претседателот на Босна, Алија Изетбеговиќ, со кого бил во постојан контакт за координација на чекорите за заштита на суверенитетот.

    Во разузнавачката анализа на ЦИА, за последната деценија на 20 век на Балканот, се оценува дека одржувањето на внатрешната стабилност било најтешката задача за Глигоров, со оглед на тензиите меѓу големата албанска етничка заедница и десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ.

    „Неговата стратегија се темелела на нагласување на индивидуалните права на граѓаните, наместо на колективните права – пристап што бил прифатен од умерените албански лидери, иако тие ја обвинуваа Владата за недостиг од чувствителност. Се смета дека авторитетот на Глигоров бил клучниот фактор што ја одржувал кревката владина коалиција во која учествувале и албанските партии. За да ги ограничи радикалните струи во ВМРО, тој паралелно работел на зајакнување на врските со Бугарија и Турција, а воедно барал политичка поддршка од големите сили како САД, Британија и Франција“, пишува ИНА.

    Освен анализата на тогаш актуелните политики на македонскиот претседател Киро Глигоров, документот на ЦИА содржи и детали од неговата биографија, опишувајќи го како „политичар и технократ што со децении служел на највисоките финансиски и извршни функции во федерална Југославија“.

    The post ЦИА со почит за Глигоров што одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија appeared first on МКД.МК.

    Previous Article62 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки
    Next Article Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

    Поврзани вести

    Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ

    05/03/2026

    Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани во Собранието за заменик-министер за одбрана и заменик-министер за образование

    04/03/2026

    Прв критериум на Законот за правична застапеност – стручноста и компетентноста, наскоро во Собрание

    04/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

    (Видео) Позната инфлуенсерка го роди деветтото дете: „Ова веројатно беше мојата последна бременост“

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.