Во пријатна и инспиративна атмосфера во просториите на библиотеката денеска се одржа промоција на книгата ” Разбудена вода” од авторката Дијана Петкова од Скопје,чии корени потекнуваат од Пехчево.
Присутните ги поздрави директорката на библиотеката Габриела Костадинова која во своето обраќање даде образложение за мотивите и тематските слоеви што ги носи делото. Промоцијата продолжи во уметнички дух со музички настап, реализиран од професорот Драган Колевски, кој внесе дополнителна емоција во настанот. Биографијата на авторката ја прочита библиотекарката Јасмина Цековска, доближувајќи и ја на публиката нејзината животна и творечка патека. Во продолжение Елица Јовевска интерпретираше 3 песни – патописи, за кои директорката Костадинова даде свој критички осврт, нагласувајќи ја нивната тематска вредност. На самиот крај пред присутните се обрати авторката Дијана Петкова, споделувајќи дел од својата инспирација и личното доживување на создавањето на книгата. Авторката со посебни емоции се наврати и на своето детство поминато во Пехчево. Промоцијата заврши со силни аплаузи и искрено воодушевување од страна на публиката, оставајќи впечаток кај сите присутни.
Извор:📸 Матична Библиотека „ Кочо Рацин “ – Пехчево


