Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните седум години
    Политика

    Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните седум години

    18/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Трипуновски, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нагласил дека на ниво на општина има над 7.000 хектари под лозов насад.

    „Без разлика дали се работи за голема или мала општина, целта на кампањата е да се посетат сите краеви во нашата држава за да поразговараме за сите досегашни активности, за сите моментални активности. И една од поважните цели на оваа кампања е да ги слушнеме земјоделците, за во каква насока треба да се движи македонското земјоделство“, истакнал Трипуновски.

    Одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација од СДСМ за него, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека „опозиција е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми“, и затоа смета дека оваа интерпелација е неиздржана.

    Трипуновски смета  дека некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност.

    „Имаме доволно аргументи со кои ќе се соочиме и ќе покажеме што е сработено во изминатите две години, за разлика од нивните седум години“, додаде тој.

    Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ денеска на прес-конференција изјави дека пратеничката група на СДСМ, сите пратеници и коалицијата се потпишале на интерпелација за работата на министерот Трипуновски.

    „Покрај барањата на синдикатите, здруженијата и економско-социјалните партнери, кои јасно и гласно бараат оставка, денеска ова е и наша граѓанска обврска и должност како пратеници да иницираме постапка за интерпелација, да се изнесат сите факти и аргументи и да направиме сè овој министер да си замине. Ова е интерпелација поднесена од нашата пратеничка група и тоа за еден од најнеспособните министри – човек кој наместо да ги штити земјоделците, ги понижува, ги осиромашува и им се заканува. Сите тоа јавно и јасно го зборуваат. Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води“, истакна Николовски.

     

     

    Previous ArticleППК” Зегин” Берово, спортските амбасадори на Малешевијата уште еднаш најдобри на Државното првенство во пинг-понг, Телеком мастерс 2 во категорија У 15 кој се одржа во Битола
    Next Article Пет хороскопски знаци ги очекува успешен период во сезоната на Бикот

    Поврзани вести

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    23/10/2026

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    22/10/2026

    Сали: Европските реформи не смеат да останат само на хартија, граѓаните мора да ги почувствуваат придобивките

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.