ППК” Зегин” Берово, спортските амбасадори на Малешевијата и Македонија уште еднаш најдобри на Државното првенство во пинг-понг, Телеком мастерс 2 во категорија У 15 кој се одржа во Битола, се враќаат со 3 медала, 2 златни медали 🥇🏆(во машка и во женска конкуренција) и уште еден🥉Бронзен медал во женска конкуренција.
Резултати:🏓🏆
1. Бојана Јовевска🥇Златен медал, втор турнир по ред, без загубен сет до пиедесталот.
2. Јован Пармачки🥇Златен медал со само 12 години, со само три изгубени сета до тронот.
3. Благица Печинска🥉Бронзен медал
Другите деца од ППК “Зегин” Берово, од турнир во турнир се по конкурентни.
Malesh.mk ги подржува младите спортисти и спортот во Пехчево и Малешевијата. 🏆


