Пелистер е во добра серија, во обид клубот од Битола да обезбеди дури и директен опстанок ако денеска победи во Скопје кај Работнички. Не било до екипата, до тренерот било кај „зелените“ каде со враќањето на Маријан Секуловски се вратија и резултатите.
Но, сепак, таму во Пелистер има едно добро „дете“, дете пантер – голманот Андтреј Јовчевски. Најдобриот млад чувар на мрежите во земјава кој тоа го докажува на теренот но секогаш е во сенка не некои други, некои „вештачки“ фалени голмани кои добиваа репрезентативни повици и шанси иако се далеку зад Јовчевски.
Дека Пелистер ќе има проблем летово да го задржи одличниот голман говорат и последните информации поврзани за интерес за потписот на 22 годишниот голман. На денешниот меч со Работнички клуб од Унгарија има пратено скаути и менаџери за да го скенираат квалитетот на Јовчевски. Интересот е голем, квалитетот е очигледен… Што побрзо Јовчевски замине во странство тоа подобро за сите. И за него како голман и за Пелистер кој се очекува да инкасира околу 100.000 евра за неговиот трансфер.
