Министерството за внатрешни работи соопшти дека не е пријавена закана за бомба во ниту еден трговски центар во Скопје, откако попладнево дел од медиумите објавија информации за евакуација во „Ист гејт мол“.
Претходно, според медиумските извештаи, посетителите и вработените биле повикани смирено да го напуштат трговскиот центар, без да се создава паника.
Од надлежните институции засега нема официјално објаснување за причините поради кои објектот бил испразнет.
Медиумите, повикувајќи се на изјави од лица кои во моментот биле во молот, пренесуваат дека евакуацијата следела по вклучување на противпожарниот систем и алармите во објектот.
