Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Премиерот очекува раст на БДП над 3,5 отсто, консултациите за ребалансот на буџетот траат
    Политика

    Премиерот очекува раст на БДП над 3,5 отсто, консултациите за ребалансот на буџетот траат

    17/05/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски пазар, бидејќи повеќе од две третини од нашата размена е со ЕУ, очекувам да се засили овој раст, а зошто да не да дојдеме до оние поскувани четири до пет, па и шест проценти раст на бруто-домашниот производ“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Виница.

    Премиеорт смета дека  Македонија на странските инвеститори може да им понуди страатешка локација, бидејќи, како што рече, како држава сме крстосница на два значајни европски коридори – коридорот 10 кој има за цел да ја поврзи Централна Европа со Медитеранот преку Егејското Море и коридорот 8 кој треба да ги поврзе Јадранското и Јонското Море со Црното Море.

    „Тоа се два моногу значајни коридори и ние сме природна раскрсница. Тоа можат сите странски инвеститори да го користат како предност. Следна предност е искусен и квалитетен кадар кој може да им го понудиме и кадар кој има знаење што е наша компаративна предност во споредба со останатата конкуренција во регионот. Можеме да понудиме уште многу и многу работи, бидејќи граѓаните во Македонија се чесни и работливи луѓе, народ кој сака да работи, народ кој сака да создава и си ја љуби својата земја. Мислам дека тоа многу значи и за инвеститорите“, посочи Мицкоски.

    Ако се гледаат анализите кои ги објавува Државниот завод за статистика, додаде, од оние нешто под 90.000 невработени во моментов кои бараат активна работа ако се исклучат земјоделците и поедници кои се неколку десеттици илјади, ако се исклучат и средношколците со 15 и 16 години, бидејќи статистичката операција опфаќа граѓани од 15 до 65 годишна возраст, тогаш ќе дојдеме до невработеност која е под 5 проценти дури и пониско.

    Тој уште кажа дека времињата се тешки и дека сѐ уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и другите министерство за претстојниот ребаланс на буџетот.

    „Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да направиме едно оптимално решение со коешто ќе имаме доволно и за капитални инвестиции“, рече премиерот Мицкоски.

    Потсети дека досега има околу 230 милиони евра капитални инвестиции.

    „Околу 14 милијарди денари се веќе инвестирани како капитални инвестиции од централниот Буџет така што очекувам капиталните инвестиции до крајот на годината да продолжат се реализираат бидејќи ја знам каква е динамиката, а од друга страна да има доволно за плати, за пензии, за социјални трансфери. Обврските кои што ги имаме оваа година со камати треба да ги вратиме, околу три милијарди евра, некои стари задолжувања. Генерално, состојбата се разбира дека е тешка, но сега ние нема да очајуваме, нема да се жалиме. Тоа е што е. Ние сме Влада и мораме да ја водиме државата онака како што граѓаните очекуваат од нас“, рече Мицкоски.

    Премиерот негираше дека ликвидноста на државата е доведена во прашања посочувајќи дека треба да се остават настрана коментарите на опозицијата.

    „Не, не. Оставете ги настрана тие поедини прашања што одредени опозициски ги кажуваат. Прво ја ограбија државата, ја оставија ограбена со празна каса, уништена, девастирана и сега после две години откако конечно ја консолидиравме, почнавме сериозно да ги враќаме долговите што тие ги ограбија, па го пренесоа во странски држави, сега од минатата година слушам ќе сме банкториле 2025-та, помина 2025-та, сега ќе сме банкнотирале 2026. Едно е точно дека ја ограбија државата и ја оставија со празна каса и со долгови. Затоа се тие таму каде што се и затоа после следните избори, претпоставувам, нема да бидат повеќе политички значајни за да можеме да ги следиме овие нивни небулози и лаги“, рече Мицкоски.

    Previous ArticleСиљановска-Давкова: Каде и да сме по светот имаме едно заедничко црковно катче каде може да се собереме
    Next Article Евакуирани посетителите во „Ист гејт мол“, МВР вели нема пријава за бомба

    Поврзани вести

    Предистрага на Обвинителството поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на Сиљановска

    20/05/2026

    Продавачи на кифли повеќе нема да се ставаат инспектори, во Собранието изгласани измени за полицијата, инвестициите и образованието

    19/05/2026

    Mуцунски: Сѐ уште сме во преговори со Брисел за олеснување на ЕЕС системот летово

    19/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Лудо славје на фудбалерите на Арсенал после судискиот свиреж (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.