Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со македонски интелектуалци што живеат во Словенија
    Политика

    Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со македонски интелектуалци што живеат во Словенија

    17/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме информираа за професионалните дострели, за причините заради кои си заминале и за можностите за соработка со матичната држава. Се радувам кога меѓу нашите иселеници гледам успешни, реализирани и влијателни луѓе кои се почитувани во средините каде што живеат и работат“, рече Сиљановска-Давкова по средбата.

    Посебна чест, додаде, е што дел од нив се добитници на високи словенечки признанија, афирмирајќи ја не само Словенија, туку и татковината.

    Сиљановска Давкова, денеска се сретна и со пратеничката во словенечкиот Парламент, Сандра Газинковски.

    „Со Сандра Газинковски, пратеничка во словенечкиот парламент, разговаравме за улогата и сè поголемото влијание на македонската заедница во словенечкиот општествен и политички живот. Посебно ми е драго кога гледам луѓе кои, и покрај тоа што семејните судбини ги однеле далеку, не ја изгубиле свеста за своето потекло. Напротив, преку работата и ангажманот придонесуваат за зајакнување на врските меѓу државата во којашто живеат и земјата од каде потекнуваат“, објави Сиљановска Давкова на фејсбук.

    Таа нагласи дека на средбата се согласивме за важноста од решавање на конкретните прашања што го олеснуваат секојдневниот живот на Македонците во Словенија, како и унапредувањето на парламентарната соработка.

    Претходно претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

    Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници.

    „Каде и да сме по светот имаме еден заеднички дом, заедничко црковно катче каде може да се собереме“, рече претседателката.

    Црквата и религијата, додаде таа, се многу важни за македонскиот народ и за опстојувањето на неговиот долг пат.

    Претседателката Сиљановска-Давкова попладнево ќе одржи состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ ќе го посети Македонското културно друштво, во чии простории се наоѓа и првата македонска библиотека.

    Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

    Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

    Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

    Во рамки на посетата на Словенија предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

    Во вторник, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“

    Previous ArticleЕвакуирани посетителите во „Ист гејт мол“, МВР вели нема пријава за бомба
    Next Article ЗНАМ: Позадинските водачи на СДСМ од Муртино му ги креираат политиките на Венко Филипче

    Поврзани вести

    Предистрага на Обвинителството поради сомнежи за шпионажа во кабинетот на Сиљановска

    20/05/2026

    Продавачи на кифли повеќе нема да се ставаат инспектори, во Собранието изгласани измени за полицијата, инвестициите и образованието

    19/05/2026

    Mуцунски: Сѐ уште сме во преговори со Брисел за олеснување на ЕЕС системот летово

    19/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    Куп финале 2026: Силекс по својот четврти пехар, Шкендија ќе атакува по третиот

    Промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска

    Лудо славје на фудбалерите на Арсенал после судискиот свиреж (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.