Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Џез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово 2026

    Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Руската и кинеската амбасада со честитки за Денот на сесловенските просветители
    Политика

    Руската и кинеската амбасада со честитки за Денот на сесловенските просветители

    24/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    „Од срце му го честитам на братскиот македонски народ нашиот заеднички празник – Денот на сеќавањето на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, големите просветители кои ги поставија темелите на словенското писмо и литература. Овој датум за сеќавање е симбол на духовното и културното сродство, блискоста на националните традиции на словенските народи. Тој нè потсетува на нераскинливата нишка што ги поврзува генерациите низ повеќе од илјадагодишната историја на развојот на словенското писмо.
    Во нашата земја, на денот за сеќавање на светите браќа се одбележува Денот на словенското писмо и култура – празник што се слави секоја година во голем обем и има богата историја. Во Русија, не се забораваат херојските подвизи и големиот труд на Светите Кирил и Методиј, кои дојдоа од македонската земја и ги раширија православната вера и првата азбука меѓу нашите предци. Денес, во црквите низ Русија, верниците се обраќаат кон рамноапостолните просветители со молитви за словенските народи, вклучувајќи го и македонскиот.
    На овој светол ден, ви посакувам здравје, благосостојба и успех во сите потфати“, честиташе рускиот амбасадор Зиков.
    „По повод Денот на Светите Кирил и Методиј, упатуваме најтопли честитки до сите што го одбележуваат овој посебен празник. Нека духот на знаењето, културата и просветителството, инспириран од Светите Кирил и Методиј, продолжи да свети низ генерациите и да ги зацврстува врските меѓу народите преку јазикот и образованието“, се вели во честитката од амбасадата на НР Кина во Македонија.
    Previous ArticleМладите бараат вистински да учествуваат во креирањето политики и носењето одлуки
    Next Article Мицкоски: Не можам да ги разберам домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава

    Поврзани вести

    Пленарна седница на која опозицијата поставува прашања до Владата

    14/10/2026

    Тројца кандидати за член на Судскиот совет што го избира Собранието

    14/10/2026

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Џез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово 2026

    Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.