Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции
    Македонија

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новото законско решение за употреба на производи од тутун е резултат на долг консултативен процес во кој биле вклучени сите засегнати страни, вклучително и здруженијата, производителите, дистрибутерите, како и претставниците на угостителскиот сектор.

    Според него, законот не бил донесен „ад-хок“ ниту наметнат со сила, туку претставува компромисно решение постигнато по низа разговори и усогласувања.

    „Целта на Владата беше да излеземе сите подеднакво незадоволни. Кога носите ваков закон, не можете сите да бидат подеднакво задоволни. Тоа е алхемија, а ние не сме алхемичари ниту чудотворци“, рече Мицкоски.

    Тој оцени дека и покрај одредени резерви кај различните засегнати страни, постигнат е заеднички компромис кој е преточен во законско решение. Како што информираше, предлог-законот следната недела во вторник ќе биде разгледан на владина седница.

    Мицкоски нагласи дека не постои идеално законско решение, но дека Владата смета оти предложениот закон во голема мера ги регулира односите поврзани со производството, дистрибуцијата и употребата на тутунските производи. Тој повтори дека една од клучните политики на Владата е намалување на бројот на граѓани кои консумираат тутун.

    Воедно, премиерот најави строга примена на законот на целата територија на државата.

    „Инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата, ова го повторувам, нема да има повластени региони, градови, населени места итн. каде што ќе нема да се почитува законот и за ова јас ви гарантирам, и тука ќе нема никаков пардон“, изјави тој.

    На крајот, Мицкоски упати апел законот што побрзо да биде донесен и порача дека нема да има привилегирани поединци или субјекти при неговото спроведување.

    „Ако некој мисли дека е повластен затоа што е близок со овој или со оној и дека нема да го почитува законот, се лаже. Можете еднаш да поминете неказнети, можеби и вторпат, но третпат сигурно ќе бидете фатени и санкционирани“, рече премиерот.

    Previous ArticleМотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“
    Next Article Алиу вели тутунот стои зад 13% од смртните случаи, угостителите добиваат година дена за адаптација

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.