Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Анкета на владеачката партија – ВМРО-ДПМНЕ води тројно пред СДСМ
    Политика

    Анкета на владеачката партија – ВМРО-ДПМНЕ води тројно пред СДСМ

    08/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од анкетираните, осум проценти од вкупната бројка се изјасниле дека ќе гласаат за ДУИ, односно за оваа партија би гласале 13 проценти од определените.

    Според резултатите од анкетата на ВМРО-ДПМНЕ, за Влен гласот би го дале седум отсто од вкупниот број, а 11,5 отсто од определените граѓани. Во третата анкета што партијата ја прави кон крајот на месецот позитивен скок имало кај Влен и тогаш партијата води пред ДУИ. За ЗНАМ на анкетата се изјасниле 2,3 проценти од вкупниот број, а 3,85 од определените, додека за Левица шест проценти од вкупната бројка, а 10 проценти од определените.

    „Генерално правиме три анкети месечно, две телефонски и една теренска со тоа што едната теренска се прави во првата половина, другата во втората, а на средина телефонската. Потоа вадиме некаков просек и овие бројки се просекот за трите анкети на правени во мај“, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

    За мај сите три анкети се работени од три различни куќи.

    „Влегуваме во втора фаза од нашиот мандат и јас сметам дека секоја партија треба да биде подготвена или да се подготвува за избори во овој перод од владеењето, иако ние сметаме дека ќе одиме на регуларни избори во 2028 година“, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека секоја сериозна партија на време и сериозно се подготвува за избори.

    Најави дека во среда ќе има Извршен комитет на партијата и оти од наредната недела ќе почне со разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата. Очекува до крај на јуни да заврши процесот на договарање во рамки на коалицијата. Може да има, рече, промени во неколку ресори, но и можни ротации.

    Previous ArticleПарите добиени од Планот за раст се даваат на конкретни проекти, а не на државата, уверува премиерот
    Next Article За 10 години, 10 милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти, најавува премиерот Мицкоски

    Поврзани вести

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    24/08/2026

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    24/08/2026

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    24/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.