Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Парите добиени од Планот за раст се даваат на конкретни проекти, а не на државата, уверува премиерот
    Политика

    Парите добиени од Планот за раст се даваат на конкретни проекти, а не на државата, уверува премиерот

    08/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „За планот за раст има многу шпекулации, многу невистини и разни толкувања од одредени политичари. Планот за раст е план во кој државите имаат добиено индикативна листа. Оние 750 милиони евра за кои се зборува во јавноста, планот за раст е 750 милиони евра, тоа не се пари кои некој ги има „во џеб“ и вие испорачувате и тој ви дава пари. Така не функционира тоа. Една третина е буџетска ликвидност, една третина е WBIF компонента, а една третина е мек заем кој започнува да се враќа по 2032 година“, појасни на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.

    Потенцира дека за чекорите кои ни биле прифатени за декемврискиот извештај каде сме добиле најголемо финансирање, од 67 милиони евра 30 добила државата, другото е за проекти, а не за буџетска поддршка.

    Очекува до крајот на јуни повторно да бидеме први и повторно да добиеме најмногу средства, овојпат над 100 милиони, од кои, во зависност од структурата на чекорот кој е на индикативната листа, да добиеме дел, а другите да бидат за проекти.

    Договорено е и за критичните чекори како да се изведат, а да бидат признати и оти тоа ќе го направат за сите проекти кои се во грејс период за да не пропаднат.

    Инаку, проектите се подготвени, а се очекува сега да се исполнат над 30 чекори што не прави подобри и од Црна Гора и Албанија.

    Вкупниот износ на поддршката на ЕУ за Западен Балкан во рамки на финансискиот инструмент за реформи и раст изнесува шест милијарди евра. Во согласнот со предвидената методологија на ЕУ на нашата држава ќе и бидат ставени на располагање 750,4 милиони евра за период од 2024-2027 поделени во транши, при што првата транша беше планирана за крајот на минатата година.  Општите услови за исплаќање на средствата се однесуваат на спроведувањето на фундаменталните реформи, владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободи додека посебните услови се формулирани во рамки на Реформската агенда.

    За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи лани премиерот Христијан Мицкоски. Според него, тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена. Нагласи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. Ова, според него, било резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности.

    „Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани“, посочи тогаш Мицкоски.

    Меѓу другото, најави дека се поднесени барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност.

    Previous ArticleПретседателката Сиљановска-Давкова в среда во Софија на средба со Јотова
    Next Article Анкета на владеачката партија – ВМРО-ДПМНЕ води тројно пред СДСМ

    Поврзани вести

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    24/08/2026

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    24/08/2026

    Јотова со нова провокација: Имаме заедничка историја, Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија

    24/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.