Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Минхен ќе ги добие противниците за Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.
Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров и неговите момци се најдоа во вториот шешир пред ждрепката што значи дека нема да играат против Франција, Словенија, Норвеша, Србија, Шпанија, Италија и Ф.Острови.
Она што е сигурно е дека Македонија нема да игра во Штутгарт. Градовите домаќини во прелиминарната рунда се Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург. Додека пак Келн и „Ланксес Арена“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир, додека пак Президент Купот ќе се игра во Магдебург.
Светското првенство ќе се игра од 13 до 31 јануари 2027 година.
