Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Кина уапси американски научник под сомнение за шпионажа
    Свет

    Кина уапси американски научник под сомнение за шпионажа

    12/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека е уапсен американски научник, обвинувајќи го за шпионажа и загрозување на кинеската национална безбедност, пренесува Би-Би-Си Њуз.

    Ју Мин Зин, директор во тинк-тенк фокусиран на Мјанмар, бил уапсен на почетокот на јуни, изјавиле извори претходно за „Њујорк тајмс“. Тој наводно исчезнал додека бил во кинескиот град Кунминг, кој се наоѓа на границата со Мјанмар, се наведува во извештајот.

    Понатамошни детали за апсењето засега не се познати.  Ваквиот случај изгледа невообичаено бидејќи ретко се случува Кина да апси американски државјани по обвиненија за национална безбедност.

    Притворањето доаѓа само неколку недели по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг и средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, при што американскиот лидер доби свечен пречек.

    Тоа се случува и во период кога претседателот на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, треба да ја посети Кина следната недела. Познато е дека Пекинг одржува блиски односи со воената хунта во Мјанмар, која ја презеде власта со државен удар во 2021 година.

    Мин Зин бил поранешен студентски активист за време на продемократското движење во Мјанмар во 1988 година, кој побегнал во Тајланд за да избегне апсење од страна на тогашната влада. Подоцна заминал во САД на студии, а се вратил во Мјанмар во 2010 година. Според „Њујорк тајмс“, тој моментално живее во Тајланд, но поминува време и во САД и во Мјанмар.

    Тој, исто така, е и извршен директор во Инстутутот за страшешко планирање на политики во Мјанмар (ISP-Myanmar), тинк-тенк со седиште во Тајланд кој ја истражува улогата на Кина во Мјанмар, вклучително кинеските интереси, односите и регионалното влијание. Според Центарот за социјални иновации и надворешна политика, тој е и докторанд на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

    Мин Зин бил во Кунминг за да присуствува на состанок на 3 јуни кога бил уапсен на аеродромот, според новинската агенција AFP, која цитира неколку извори. Еден извор, кој зборувал за AFP, рекол дека неговото семејство е „загрижено“ и дека тие се „во контакт“ со американскиот конзулат во Гуангжу, Кина.

    Мин Зин требало да говори на конференција во Катманду подоцна овој месец.

    Previous ArticleОркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни, во Градскиот парк во Скопје
    Next Article Реакција за повик за собир во Блатец посветен на македонско-руското пријателство

    Поврзани вести

    Макрон ги обвини странските лидери за политичка злоупотреба на немирите во Франција

    22/10/2026

    Мета ќе плати казна од 25 милијарди долари во Ново Мексико заради загрозување на приватноста на податоците

    22/10/2026

    НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.