Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота
    Македонија

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави информации за ново нарушување во македонско-бугарските односи што дополнително ја компликува и онака сложената ситуација со македонските евроинтегративни процеси и навидум дава извогор за поголемо заладување на односите меѓу двете земји.

    На новинарско прашање дали во периодот што следи се очекува придвижување во дијалогот со Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека пораките што пристигнуваат од Софија не оставаат простор за оптимизам. Напротив, според него, наместо напредок, во последно време се создава радикализација на позициите од бугарската страна. Како пример за заострување на односите Мицкоски посочи на одредена објава на дипломатска нота која се однесувала на неговата сопруга и неговиот син.

    „Сигналите кои доаѓаат оттаму, не ме прават оптимист. Напротив сметам дека состојбата се радикализира. Еве вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши паријатели да речеме, во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете сега ние да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста. Така што вчера видов еден преседан“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде оти за овој случај ги информирал и партнерите во НАТО бидејќи смета дека со објавувањето на ваква дипломатска нота се загрозува безбедноста на неговото семејство.

    „Сепак ние сме земја членка на НАТО. Јас ја користам оваа прилика и на мојата сопруга и на мојот помал син Антонио да им се извинам што мора сето ова да го трпат“, рече Мицкоски додавајќи дека станува збор за аматерски потег што не треба да не дефокусира од, како што рече Реформската агенда и економијата.

    Инаку, дипломатската нота за која зборува премиерот, всушност е документ кој македонската амбасада во Софија го испраќа до бугарското Министерство за внатрешни работи на 6 јануари 2026 година, во кој се наведени детали за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски од 8 до 11 јануари во познатото зимско одмаралиште во Бугарија, Пампорово. Овој документ е објавен на позната анти македонска ФБ страна која се нарекува „Грубовци, Енидже Вардар – родна Македония“.

    Во документот објавен на ФБ групата на 16 јуни, односно пред едена седмица, се гледа дека аматерски се редактирани одредени информации, но сепак јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, оружјето кое го носело обезбедувањето, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале.

    По објавата на оваа контроверзна ФБ група, објавен е напис на еден локален про-бугарски блог, па дури и е направен и рил со помош на вештачка интелегенција, кој изобилува со коментари полни со говор на омраза.

    Инаку, како главен предуслов за отворање на првиот кластер поглавја во преговорите за членство во ЕУ, според преговарачката рамка, Македонија треба да го смени Уставот, поточно во преамбулата, покрај останатите нации да ги додаде и Бугарите. Поради ова, преговорите се закочени. Во меѓувреме, пред неколку дена Европската унија ги отвори првите кластери во преговорите со Украина и Молдавија, а Црна Гора и Албанија се очекува да станат следните членки на европското семејство.

    Previous ArticleМалолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    Поврзани вести

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    23/06/2026

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    23/06/2026

    Утре на владина седница ќе се разгледува ребалансот на буџетот, зголемен дефицитот за инвестиции

    22/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    У15: Македонија убедливо поразена на првиот тест со Албанија

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.