Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите
    Македонија

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    23/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица.

    Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром, простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова место вчера беше мета на несовесно и недозволиво однесување, при што е причинета штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра.

    Веднаш по добиените информации, градоначалникот Митески заедно со екипите на Општина Аеродром излезе на терен. Од безбедносни причини игралиштето е привремено затворено, а во најкус можен рок ќе се изврши санација на штетите и замена на оштетените реквизити со нови.

    „Случајот е пријавен во полиција и поднесени се соодветни пријави против сторителите. Ваквото однесување не смее да остане неказнето, затоа што станува збор за свесно уништување на имот што им припаѓа на сите граѓани. Посебна благодарност до нашиот сограѓанин Никола Поповиќ, кој со својата брза и одговорна реакција помогна да се спречи понатамошното дивеење и нанесување уште поголема штета. Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат вандализам, уништување на јавен имот или какво било несовесно однесување, веднаш да ги известат општинските служби и полицијата. Само заедно можеме да ги заштитиме местата што ги користат нашите деца и сите жители.“

    Поради безбедносни причини, игралиштето е привремено затворено, а во најкус можен рок ќе започне санација на оштетувањата и замена на уништените реквизити.

    Previous ArticleПолицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени
    Next Article Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    Поврзани вести

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    23/06/2026

    Утре на владина седница ќе се разгледува ребалансот на буџетот, зголемен дефицитот за инвестиции

    22/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    Малолетници вандализираа детско игралиште во Општина Аеродром, поднесени се пријави против сторителите

    Полицаец од Прилеп пренесувал службени информации на адвокат на осомничени

    У15: Македонија убедливо поразена на првиот тест со Албанија

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.