Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети
    Политика

    Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети

    26/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, Мицкоски посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери.

    „Не се битни само резултатите, дали тие биле добри, недоволно добри или можеби воопшто немало резултати. Понекогаш реконструкцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, а денес имаат поинаква“, изјави Мицкоски.

    Тој нагласи дека секој од коалициските партнери има свои приоритети во одредени области и дека токму затоа ќе има промени во распределбата на ресорите.

    „Логично е владините коалициски партнери по овие две години да ги искристализираат сопствените приоритети и онаму каде што можат најмногу да придонесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде токму во тој дух. Ќе има промена на ресори и промена на портфолија“, рече премиерот.

    Мицкоски не откри конкретни имиња ниту кои министерства ќе бидат предмет на промени, потенцирајќи дека станува збор за политички одлуки кои најпрво треба да бидат донесени во рамките на партиските органи.

    „Сепак тоа се политички одлуки и на политичко ниво треба да се донесат, па дури потоа да ги операционализираме во рамките на Владата. Во вторник најпрвин треба да помине седницата на Извршниот комитет, па потоа ќе ги соопштиме и ресорите и имињата“, истакна Мицкоски.

    Тој додаде дека сè уште не е донесена конечна одлука дали реконструкцијата ќе остане во рамките на една третина од владините функционери или ќе опфати поголем број позиции.

    „Сега ќе видиме дали тоа ќе биде во рамките на една третина или ќе биде повеќе, но очекувам реконструираната Влада, доколку ја добие довербата од пратениците, многу успешно да го заврши својот мандат“, рече премиерот.

    Осврнувајќи се на работата на Владата во изминатите две години, Мицкоски оцени дека институциите денес функционираат значително подобро отколку во моментот кога неговиот кабинет ја презел власта.

    „Не можам да зборувам само на квалитативна основа што сме очекувале, а што сме постигнале. Ако ја споредиме состојбата што ја затекнавме со состојбата денес, ќе видиме дека сме многу понапред од тоа што бевме пред две години. И во делот на консолидирањето и во делот на функционирањето на самата институција Влада“,  нагласи тој.

    Премиерот потсети и на претходните кадровски промени кои беа направени по локалните избори, оценувајќи дека состојбата која ја затекнала актуелната власт била многу потешка отколку што јавноста можела да претпостави.

    „Ние знаевме дека е тешко и дека е лошо, но верувајте, тоа е поезија во споредба со она што го затекнавме пред две години. Ако некој почнувал од нула, ние почнувавме од длабок минус“, изјави Мицкоски.

    Тој порача дека Владата сега е консолидирана и подготвена за нова фаза на реализација на програмските определби.

    „После овие две години конечно сме консолидирани и конечно сме подготвени да забрзаме напред. Очекувам оваа реконструкција и новодефинираните приоритети да ни помогнат уште побрзо да го испорачаме она што сме им го ветиле на граѓаните“, рече премиерот.

    Previous ArticleМуцунски: Процесот на нашата евроинтеграција мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности
    Next Article Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

    Поврзани вести

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    23/10/2026

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    22/10/2026

    Сали: Европските реформи не смеат да останат само на хартија, граѓаните мора да ги почувствуваат придобивките

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.