Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    Ѓорѓе Стојчев се враќа на клупата на Брера

    Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Паркот на франкофонијата

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски: Процесот на нашата евроинтеграција мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности
    Политика

    Муцунски: Процесот на нашата евроинтеграција мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности

    26/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека објективната реалност е дека државата по прашањето на отворањето на преговорите не стои во место четири, туку петнаесет години, потсетувајќи дека Европската комисија уште во 2011 година оценила дека државата ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори.

    „Нашата цел не е само да ги отпочнеме преговорите, туку тие да бидат успешни и во разумен рок да завршат со полноправно членство. Затоа сме должни да спречиме создавање нови пречки и нови билатерални условувања уште на самиот почеток на процесот“, истакна Муцунски.

    Тој нагласи дека отворањето на преговорите не зависи само од уставните измени, туку и од исполнување на сите предуслови, вклучително и усвојувањето на Акцискиот план за малцинства, оценувајќи дека во јавноста често погрешно се создава впечаток дека станува збор само за едно прашање.

    Во однос на економските придобивки, министерот посочи дека земјите кои веќе преговараат со Европската Унија во моментов немаат пристап до дополнителни европски фондови во однос на земјите кои сè уште не ги започнале преговорите. Како што нагласи, Планот за раст е достапен за сите шест држави од Западен Балкан, а клучното прашање не е формалниот статус на преговорите, туку капацитетот и успешноста во спроведувањето на реформите и искористувањето на расположливите средства.

    Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски истакна дека Владата во изминатиот период значително ја засилила динамиката на спроведување на реформите поврзани со европската интеграција, особено преку исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Планот за раст.

    Тој оцени дека ниту една држава не може да тврди дека реформскиот процес е завршен, но дека извештаите на европските институции покажуваат напредок во повеќе клучни области, меѓу кои реформата на јавната администрација, владеењето на правото, енергетиката и образованието.

    „Средствата што државата ги добива преку Планот за раст се најдобра потврда дека реформите се препознаени. Тие средства се условени со исполнување на конкретни реформски чекори и не би биле ставени на располагање доколку тие резултати изостануваа“, нагласи Муцунски.

    Во делот на надворешната политика, министерот посочи дека ова останува највисоко оценетата област во извештаите на Европската комисија, што, според него, претставува признание за јасната стратешка ориентација на државата.

    Тој потсети дека државата останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, оценувајќи дека оваа усогласеност не претставува само формално исполнување на обврските, туку јасен израз на припадност кон европските вредности.

    „Нашата усогласеност со европската надворешна политика не се сведува само на санкции или рестриктивни мерки. Таа претставува определба за заеднички вредности, заедничка безбедност и јасна геополитичка ориентација“, истакна Муцунски.

     

     

    Previous ArticleНерешени имотни прашања, доцнење на проекти и спорни вработувања, ДЗР утврди сериозни слабости во АД МЕПСО
    Next Article Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети

    Поврзани вести

    Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети

    26/06/2026

    САД од 2001 година секоја година ја продолжува вонредната состојба за Западен Балкан

    25/06/2026

    Софија негира дека дистрибуиралe дипломатска нота за патување на семејството на Мицкоски

    25/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    Ѓорѓе Стојчев се враќа на клупата на Брера

    Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Паркот на франкофонијата

    Концерти и претстава овој викенд на Скопско лето

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.