Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Тошковски: Секој што работел несовесно ќе биде најстрого санкциониран
    Политика

    Тошковски: Секој што работел несовесно ќе биде најстрого санкциониран

    27/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Во текот на вчерашниот ден имаше така поставено прашање од страна на медиумите во Министерството за внатрешни работи, одговоривме дека се постапува по информации добиени од страна на МВР за конкретни сомнежи за кривично дело, кои информации се споделени со Јавното обвинителство, за коишто дејствија Јавното обвинителство донело наредба за преземање на одредени истражни дејствија од страна на внатрешна контрола во рамки на Министерството“, рече Тошковски во гостување на Сител.

    Посочи дека во овој момент не сака да споделува повеќе детали за овој предмет, заради тоа што станува збор за дејствија кои се предмет на оперативна обработка од страна на Внатрешна контрола во МВР, односно постојат основани сомненија дека се сторени одредени незаконитости.

    „Кога ќе можеме, секако дека ќе ја информираме јавноста. Ова е битна тема и за Министерството за внатрешни работи и за јавноста, секако, не смееме да дозволиме злоупотреба на службена на службена положба“, истакна министерот.

    Во однос на тоа дали оваа група е поврзана со аферите од минатото за издавање пасоши, рече дека не сака да навлегува во детали во тој дел, но е убеден дека доколку имало построги казни, тоа не би се случило.

    „Не би сакал да влегувам во детали во тој дел, но сигурен сум дека ако имаше построги затворски казни со одредени останати мерки коишто може да бидат изречени во рамки на правосилна пресуда спрема оние за коишто беше докажано дека дека злоупотребувале позиција во рамки на МВР, исто во управните служби, сега немаше така лесно да се дрзнат пак истото да го направат, сега не во делот на патни исправи, во делот на возачки дозволи, меѓутоа тоа е исто, заради тоа што имаме злоупотреба на службена положба… основани сомненија за злоупотреба или индикации за злоупотреба на службена положба или несовесно работење во служба во делот на фалсификување на исправи“, додаде Тошковски. 

    Previous ArticleМинистерството за економија и труд ќе додели седум милиони денари за унапредување на преработувачката индустрија
    Next Article „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    Поврзани вести

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/2026

    Министерството за економија и труд ќе додели седум милиони денари за унапредување на преработувачката индустрија

    27/08/2026

    Муцунски за „Ерусалим пост“: Соработка во одбраната, во управувањето со водите и зголемување на инвестициите

    26/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Ружински: Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места нè потсетуваат на вредностите што нè обединуваат

    НАЈЧИТАНИ

    Етно фестивал 2026 Бероово

    31/07/2026

    Китански: Честитка до граѓаните по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

    28/08/2026

    Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

    26/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.