Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Министерството за економија и труд ќе додели седум милиони денари за унапредување на преработувачката индустрија
    Политика

    Министерството за економија и труд ќе додели седум милиони денари за унапредување на преработувачката индустрија

    27/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Нашата определба е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки што создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата. Со овие два јавни повици обезбедуваме вкупно 7 милиони денари за преработувачката индустрија, со фокус на иновациите, знаењето, новите технологии, стандардите и поголемата конкурентност. Сакаме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари“, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната средба со медиумите.

    Првиот повик, со буџет од пет милиони денари, е наменет за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од преработувачката индустрија и универзитетите преку заеднички проекти во областа на истражувањето, развојот, иновациите, трансферот на знаење и технологии, интернационализацијата и паметната специјализација. Министерството обезбедува 70 проценти од докажаните трошоци, но најмногу до 500.000 денари од барател.

    Вториот повик, со буџет од два милиони денари, е наменет за надоместување дел од трошоците за набавка, имплементација и сертификација на хоризонтални и други стандарди, вклучително и извештаи за ESG-практики и стандардот ESRS. И по овој повик, Министерството покрива 70 проценти од докажаните трошоци, но до 200.000 денари од барател.

    „Со вториот повик сакаме да им помогнеме на компаниите да ги подигнат своите стандарди и да ги исполнат современите барања на пазарите. Денес, конкурентноста не значи само да произведувате и да продавате, туку и да работите според стандарди што отвораат можности за интернационализација и соработка со странски партнери. Затоа поддржуваме и сертификација, ESG и ESRS-практики и други стандарди, кои се важни за идниот развој на компаниите“, потенцира Дурмиши.

    Информира дека апликациите по двата јавни повици може да се достават најдоцна до 15 септември 2026 година, во затворен плик до архивата на Министерството за економија и труд, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15, Скопје или по препорачана пошта.

    Previous ArticleКадровскиот дефицит и заостанувањето предмети во фокусот на расправата на пратениците за работата на обвинителите
    Next Article Тошковски: Секој што работел несовесно ќе биде најстрого санкциониран

    Поврзани вести

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    04/09/2026

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    04/09/2026

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    04/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.