Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Транспортерите на протест, бараат од ЕУ решавање на ограничениот престој во Шенген-зоната
    Политика

    Транспортерите на протест, бараат од ЕУ решавање на ограничениот престој во Шенген-зоната

    31/08/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Генералниот секретар на „Макам-транс“, Билјана Муратовска, истакна дека и покрај тоа што во јануари од Европската Унија било признаено дека професионалните возачи вршат дејност, веќе седум месеци, вели, ништо не е преземено за надминување на проблемот со правилото 90/180 дена.

    „Да го чуваш возачот во кафез, односно во затвор три, четири или пет часаи за да му провериш дали има или нема надминато денови, е благо речено страшна дискриминација и повреда на човековите права“, истакна Муратовска, додавајќи дека возачите мора да бидат психички стабилни за да можат уредно да учествуваат во сообраќајот.

    ​Со овој проблем директно се соочуваат околу 17.000 професионални возачи во земјата, односно околу 100.000 на ниво на целиот Западен Балкан. Поради немањето правна сигурност и различните толкувања на граничните премини од страна на надлежните службеници, дури 50 отсто од возачите во моментов одбиваат да возат.
    ​
    Транспортерите, како што потенцираат, се клучниот двигател на целата економија и дека без нивниот увоз и извоз не може да се затвори кружниот циклус на капиталот.

    „Како фела не сме огромни, ниту пак им ги загрозуваме работните места во Европа; напротив, ние ја вршиме својата дејност со превоз на лекови, стока и репроматеријали во двете насоки“, нагласи Муратовска.

    Кога има вонредни ситуации, според Муратовска, мора да постои политичка волја и да се донесе одредено решение како би ги надминале сите проблеми.

    „Сите дописи коишто ги праќаме досега добиваме негативни одговори, така што денеска точно во 13 часот во сите четири главни градови на државите од Западен Балкан ќе се поднесе допис во којшто бараме Европската Унија , бидејќи се работи за вонредни ситуации, значи застојот, прекинот во снабдувањето на стоката меѓу Европска Унија и нашите држави е вонредна ситуација. ​Затоа реков во вонредни услови треба вонредни мерки да се донесат и очигледно е дека се работи за политичка одлука дали ќе не пуштат или нема да не пуштат да работиме нормално во Европска Унија“, вели Муратовска, во изјава за медиумите пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

    Владата, како што претходно информираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, работи на решавање на прашањето преку склучување нови билатерални договори со земјите членки на шенген-зоната. Сепак, од „Макам-транс“ нагласуваат дека се работи за вонредна ситуација која бара системска политичка одлука на ниво на целата Европска Унија, бидејќи билатералните договори се само форма на лобирање, додека, нагласуваат, конечните решенија бараат согласност од сите 30 држави.
    ​
    Доколку на утрешниот состанок во Брисел не биде обезбедено преодно решение за статусот на возачите, превозниците најавија дека ќе ги радикализираат протестите со блокирање на граничните премини на секоја држава одделно.

    Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и активно и во континуитет се работи на изнаоѓање на конкретни решенија за надминување на проблемот со земјите од Шенген зоната.

    „Во рамките на можностите со кои раполага Министерството се работи на склучување билатерални договори со земјите членки на шенген-зоната бидејќи сметаме дека ова е најсоодветно решение – Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со владите на Австрија, на Германија и во септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија, со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери“, наведуваат од Министерството.

    Бидејќи се работи за правила во шенген-зоната, се потенцира во соопштението, она што Владата преку Министерството за транспорт може да го направи и она што го има на располагање е да потпише билатерални договори со земјите членки на шенген-зоната за издавање долгорочни визи.

    „Идејата е, генерално, да се покријат рутите, каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи. Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од шенген-зоната. Транспортната дејност е двигател на македонската економија и од тие причини сметаме дека дејноста не треба да запре да работи, напротив, Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со работа за изнаоѓање дополнителни решенија“, посочуваат од Министерството за транспорт.

    Previous Article(Видео) Шест вежби за стегнат стомак по 40 години
    Next Article Николоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.