Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Николоски: Очекуваме градскиот воз да ја надмине бројката од преку 100 илјади патници
    Политика

    Николоски: Очекуваме градскиот воз да ја надмине бројката од преку 100 илјади патници

    06/09/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Плановите, како што кажа, предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај со уште две линии, со кои повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица во Скопје.

    „Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници. Јас очекувам дека таа бројка ќе расте, дека за многу брзо време ќе надминеме и 100.000 патници. Нашата проценка е дека околу 200.000 жители се опфатени со правата линија од градскиот воз“, рече Николоски во гостување на Сител.

    Според него, веќе се работи на проектирањето на уште две траси, кои треба да го прошират опфатот на градскиот воз и да поврзат поголем број населени места со Скопје.

    Првата планирана траса, како што прецизира, треба да се движи од Новата железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден до Агино Село. Втората би го поврзувала северозападниот дел од градот, односно Нова железничка станица преку Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров до Сарај.

    Со реализацијата на овие две линии, додаде, би се создала железничка мрежа која ќе ги поврзе трите делови на градот и приградските населби кои гравитираат кон Скопје со Новата железничка станица.

    „Со градскиот воз граѓаните ќе можат да ја избегнат градската гужва и преку точни временски интервали на пристигнување да го планираат своето време. Во моментов ја користиме рутата која што некогаш постоела, да ги вратиме во живот и на тој начин приградските населби да ги добилижиме до центарот. Проектирањето завршува до крајот на месец октомври, после тоа одиме со тендерирање и очекуваме во зависност од временските услови да започне да се работи во декември или јануари. Ако овде успеавме да ја завршиме градбата за 10 месеци, таму оставаме 12 месеци, така што почетокот на 2028 година ќе имаме оперативни уште две линии на градскиот воз“, посочи вицепремиерот Николоски.

    Одговарајќи на прашањето зошто во актуелната мрежа нема траса до Скопскиот аеродром, Николоски појасни дека до аеродромот во моментов нема пруга, но дека поврзувањето е предвидено во рамки проектот „Брза пруга“.

    „До Скопскиот аеродром во моментов нема пруга, но тоа е дел од еден друг проект, а тоа е Брзата пруга. Идејата е со 160 километри начас од центарот на Скопје да се патува до аеродромот, што сериозно ќе го скрати времето на патување. Планирано е ова да е првата отсечка која што ќе се изгради во проектот Брза пруга“, објасни министерот за транспорт, Александар Николоски.

    Зборувајќи за авиосообраќајот, Николоски посочи дека од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, годинава се очекува бројката да надмине или да биде блиску четири милиони.

    „Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме ќетири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот“, посочи Николоски.

    Тој потенцираше дека ваквиот начин на работа и менаџирање со аеродромите, беше препознаен и од Евроконтрол, при што регионалниот состанок за Југоисточна Европа се одржа токму во Скопје.

    Што се однесува до автопатиштата, Николоски кажа дека тие се гр4адат со силна динамика, а наскоро ќе започне изградбата на шестиот автопат Букојќани-Кичево.

    „Работите на авотопатот Гостивар – Кичево одат добро, таму е рокот крај на 2029 година, и ако треба денеска да кажам прогноза, мислам дека ќе се испочитува. Тоа е најтешката делница, популарната „Стража“, a со ова решение целосно ја заобиколуваме. Станува збор за еден тежок потфат, прв автопат кој што се работи од двете страни, нешто што Македонија досега го нема видено“, рече  Николоски.

    Планираната автопатска делница од Букојчани до Кичево, како што кажа, ќе биде шеста автопатска делница која оваа Влада започнува да ја работи.

    „Во текот на оваа недела ќе биде изборот на изведувач, го работиме заедно со Европската банка за обнова и развој. Тие ја прават евалуацијата на понудите. Има три понудувачи, па ќе видиме кој ќе има најдобра понуда. Се надевам дека до крајот на септември, почеток на октомври и таму ќе имаме вовед во работа и тоа ќе биде шестиот автопат којшто истовремено го градиме во државата“, истакна Николоски.

    Тој исто така зборуваше и за текот на работите на автопатот Кичево-Охрид, каде според него во октомври годинава ќе се пушти во употреба најкомплицираната делница, а тоа се тунелите кај Пресека.

    „Согласно динамиката, во октомври оваа година ќе го пуштиме најтешкиот дел, тоа се тунелите кај Пресека, кои што се најдолги тунели во државата и галериите, а во првото тримесечие следната година, во зависност од временските прилики, ќе го пуштиме целиот автопат“, потенцира Николоски.

    Како следни планирани проекти ги посочи ескпресните патишта Кочани-Виница-Делчево-граница со Бугарија и Радовиш-Струмица-Ново Село-граница со Бугарија, кои во моментов се проектираат.

     

    Previous ArticleАко патувате во ЕУ, внимавајте: Од денеска подолги гранични проверки
    Next Article Драма во Пехчево: Маж во ноќните часови седел со друга жена, ги затекнала сопругата

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.