Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура
    Македонија

    Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

    30/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, втора година по ред учествува на престижниот самит Импакт во Букурешт, заедно со министри од владите на Романија и Полска, пратеници во Европскиот парламент како и директори на водечки меѓународни компании од телекомуникацискиот и банкарскиот сектор.

    На панелот „Европската сувереност во вештачката интелигенција: може ли ЕУ да биде конкурентна и да предводи?“, Андоновски истакна дека европската конкурентност ќе зависи од способноста вештачката интелигенција да се примени во економијата и јавниот сектор, со вложувања во инфраструктурата и вештините на луѓето.

    „За Југоисточна Европа, трката во областа на вештачката интелигенција не се сведува на тоа кој ќе го изгради најголемиот модел. Станува збор за тоа кој најбрзо ќе ја усвои вештачката интелигенција, ќе ја поврзе со реални проблеми во економијата и јавниот сектор и ќе им обезбеди на луѓето инфраструктура и вештини за натамошна надградба врз таа основа. Европа може да биде предводник, но сега треба да направиме чекор напред: од регулирање на економијата заснована на вештачка интелигенција, кон нејзино масовно проширување и развој“, истакна Андоновски.

    Министерот посочи дека пошироката примена на вештачката интелигенција е еден од најголемите предизвици, но истовремено и значајна можност за земјите од регионот. Според него, регионалната соработка може да ги надмине ограничувањата на поединечните пазари и да создаде попривлечни услови за инвестиции и технолошки развој.

     

    „Поединечно, нашите пазари се релативно мали. Заедно, можеме да им понудиме на инвеститорите регионален пазар, силен инженерски кадар, конкурентни трошоци и сè пософистицирана дигитална инфраструктура. Би се фокусирал на соработка во три области: заедничка инфраструктура, заеднички примери за примена и полесно движење на таленти и компании“, порача Андоновски.

    Осврнувајќи се на европскиот пристап, министерот нагласи дека регулативата има важна улога во воспоставувањето доверба и јасни правила, но дека следниот чекор мора да биде забрзана примена на технологијата и поддршка за иновациите.

    „Европа веќе е лидер во областа на регулативата. Вистинското прашање е дали сега можеме да станеме и лидери во имплементацијата и иновациите. Регулативата беше неопходна за воспоставување доверба и правила на игра. Но, сама по себе, регулативата не создава компании, модели ниту продуктивност“, истакна министерот.

    Previous Article(Видео) Дури и ќерката на Бен Афлек се смее на неговиот љубовен живот: „Ти си како експерт за врски?“
    Next Article Избрани претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе, продолжува изборот за Скопје и Струга

    Поврзани вести

    Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    15/10/2026

    Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

    15/10/2026

    Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

    15/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.