Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»„Комшилук“ освои европска награда: Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел
    Култура

    „Комшилук“ освои европска награда: Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

    22/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

    Признанието беше доделено на 15 октомври во Брисел, во категоријата „Rising Stars“, во рамките на тематската област „Зајакнување на локалната демократија и инклузијата“. Наградата го препознава пристапот на проектот кон културата и активното учество на локалната заедница.

    Ако во секое маало важи правилото дека добриот трач далеку се слуша, тогаш приказната за Виолета и Алфредо е најдобар доказ за тоа. Љубовната приказна што ја следеа соседите од своите прозорци и балкони стигна и до европската културна јавност.

    „Да се биде добар граѓанин започнува со тоа да се биде добар комшија. Комшилукот е најмалата, но и најважната граѓанска единица каде што се учевме на солидарност, одржливост и заедништво – вредности кои денес се препознаени на европско ниво, а кај нас се заборавени“, вели Стефан Александар Јовановски, основач на „Комшилук“.

    Инспирирана од операта „Травијата“ на Џузепе Верди, оваа интерпретација ја пресели приказната во секојдневието на скопско соседство. Наместо во традиционална оперска сала, дејството се одвиваше меѓу шест станбени згради во Железара. Балконите и прозорците станаа дел од сцената, а публиката се движеше низ маалото следејќи ги трите чина на претставата.

    Во оваа верзија, љубовта на Виолета и Алфредо не можеше да остане само нивна работа. Коментарите и озборувањата на соседите станаа дел од дејството, прикажувајќи го влијанието на заедницата врз личните избори. За разлика од трагичниот расплет на оригиналната опера, маалската „Травијата“ заврши со свадба и заедничка прослава.

    „Преку ликовите на Виолета и Алфредо покажавме дека културата има моќ да ја препише реалноста. Го променивме крајот – наместо трагедија, создадовме голема свадбена прослава за целиот комшилук. Токму тоа е суштината на доброто соседство: да славиме заедно и да градиме простор каде што секој се чувствува дел од заедницата“, додава Јовановски.

    Во реализацијата на проектот учествуваа околу 150 луѓе, меѓу кои повеќе од 100 локални жители, а изведбата ја проследија приближно 2.000 посетители. Соседите не беа само публика, туку и учесници во културниот настан што се случуваше пред нивните домови.

    Previous ArticleДополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас
    Next Article Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    Поврзани вести

    Горан Диновски на Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

    22/10/2026

    „Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

    22/10/2026

    Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на македонскиот КИЦ во Загреб

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Силен земјотрес го погоди Тибет при што загинаа 16 лица

    Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта

    Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.