Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, поранешниот воен психијатар ќе биде јавен настан

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Османи бара дебата со премиерот за Чаир, Меџити го потсетува дека е кандидат на локални избори
    Политика

    Османи бара дебата со премиерот за Чаир, Меџити го потсетува дека е кандидат на локални избори

    06/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Јас, по правило, не бегам од дебати. Сум се обидувал колку што можам да наметнам позитивна кампања. Да ви покажам дека политиката е натпревар на идеи, а не натпревар на навреди и клевети… Што се однесува до дебатите, јас не бегам од нив. Но, не треба да дебатирам со посредници, јас треба да дебатирам со главниот“, вели Османи според кого Мицкоски, стои зад овој, како што вели, политички експеримент.

    Османи потенцира дека ќе дебатира и со посредниците, но, како што рече, тие не се одлучувачите.

    Тој додаде и дека земјава, според него, веќе ги имала добиено сите неопходни гаранции од ЕУ и дека сега е време за одлучни чекори напред, а не, како што оцени, за политички игри.

    „Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ. Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани“, рече меѓу другото Османи осудувајќи ја политиката на актуелната Влада, обвинувајќи ја како што кажа, за „сервилност и блокада на европската перспектива“.

    Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.

    „Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака. Нека избере тој, да го даде одговорот за Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми“, рече Меџити по презентацијата на проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.

    Меџити го повтори повикот Османи да одлучи кога и каде сака пред граѓаните да дебатираат за тоа што е направено, што ќе се направи и за што ќе бараат гласови за градоначалнички мандат во Чаир.

    „Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија. Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните четири години за Чаир“, нагласи Меџити.

     

    Previous ArticleКасами повикува за локалните избори да не се влегува во реторика со меѓуетнички дискурс
    Next Article Руската вакцина против рак може да го промени животот на милиони пациенти

    Поврзани вести

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    09/10/2026

    Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни, но договорено е дијалогот да продолжи

    09/10/2026

    Средба Муцунски – Петрова во Софија

    08/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, поранешниот воен психијатар ќе биде јавен настан

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    НАЈЧИТАНИ

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    Холандска делегација во посета на Собранието

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.