Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Филипче бара оставки од Азири и Тошковски за лошо менаџирање на ситуацијата со пожарите на депониите
    Политика

    Филипче бара оставки од Азири и Тошковски за лошо менаџирање на ситуацијата со пожарите на депониите

    15/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Во изминатите 15 месеци прво имаше следење од дронови, имаше обиди за дестибилизација, па натаму хибридни напади и еве сега нешто се случува организирано од разни странски центри на моќта. Мислам дека досега ниту еден премиер не се осмeлил вака да ја злоупотребува ситуацијата во однос на безбедносната сфера, ниту пак да ги злоупотребува безбедносните инструменти во земјата. Од оваа Влада не видовме ниту едно решение, на ниту еден проблем“, вели Филипче.

    Тој додаде дека доколку е така како што кажува премиерот за актуелната состојба со пожарите на депониите и дека ако сме навистина под напад, закана, некои хибридни напади, или некои странски центри на моќ, тогаш, според него, прво требало да заседава Советот за безбедност и на терен да излезе армијата.

    „Требаше на терен и во јавност да излезе министерот за одбрана. Требаше да се активираат сите безбедносни служби во државата, требаше да се извести НАТО, како наш стратешки партнер. Ништо од тоа не се случува, сè ова на што премиерот се вади е фактички една пиаровска драма, нема никаква акција да се решат проблемите и ова е навистина доказ за едно дилетанско водење на државата. Практично овој тим нема капацитет да ја води државата како што треба“, изјави Филипче.

    Прашан кои се неговите предлози и решенија, како лидер на опозицијата, Филипче одговори дека прво треба да се направи анализа што ВМРО – ДПМНЕ и коалиционите партнери ветувале на граѓаните пред четири години, потоа да се направи анализа на сите депонии, дали работат легално, имаат ли лиценци и дали сите имаат соодветна одалеченост од населени места и од каде се увезува отпад во земјата.

    „И третата работа, најкронкретно во однос на завчерашниот настан во Трубарево. Треба да си поднесе оставка министерот за здравство, кој ги излажа граѓаните дека воздухот не е загаден, како тој го докажа тоа. Треба одговорност и оставка да поднесе министерот за внатрешни работи. Најави дека треба да се евакуираат луѓето, а понатаму владниот портпарол рече дека никој не се јавил во Центарот за згрижување, којшто го ослободиле тука во непосредна близина. Значи немало соодветна евакуација, иако најавиле дека треба да има“, вели Филипче.

    Лидерот на СДСМ, Филипче на денешната прес-конференција додаде дека треба да се направат детални анализи по големиот пожар во депонијата во скопско Трубарево, односно како што рече, треба да се измери количината на диоксини, фурани, на јаглеводородни честички во воздух.

    „Треба да се испитаат тешки метали во земјата – никел, кадмиум, олово. Зошто е тоа битно? Поради тоа што е можно тие тешки метали да влезат во синџирот на исхрана и утре да е загадена земјата во близина, во полињата таму каде што растат прехранбени продукти. Треба да се испита и водата, сите изотопи коишто не се растворливи во вода ќе се детектираат и тоа час поскоро сметам дека треба да го направи некоја странска акредитирана лабараторија“, изјави Филипче. 

     

    Previous Article(Фото) Дури и кога фустанот е едноставен, таа е провокативна
    Next Article Тие имаат бескрајна имагинација, но лесно се заведени од нешто ново: хороскопски знаци што никогаш не го завршуваат она што го почнале

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.