Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

    Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Минчев: Имаме обврска од ЕУ за кратење на буџетските корисници за 40 отсто
    Политика

    Минчев: Имаме обврска од ЕУ за кратење на буџетските корисници за 40 отсто

    19/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што истакна Минчев по потпишувањето на меморандумот за соработка со францускиот амбасадор, Кристоф Ле Риголер, Владата е силно посветена на департизацијата на администрацијата, но и на нејзино рационализирање што е и обврска на државата за членство во ЕУ.

    „Донесовме пакет од четири закони кои ги сметаме за чекор напред кон реформите на администрацијата. Еден од нив, за академијата, се однесува на едукација на администрацијата и тоа ќе биде клучен приоритет во наредниот период. Почнуваме не само со едукација на новите вработени во јавниот сектор, туку и со одржување континуитет на знаењето на останатите кои треба да ги следат модерните трендови и европскиот процес. Крајната цел е да им дадат подобри услуги на граѓаните. Значи, освен департизација, во следниот период почнуваме и нов процес со пакет три нови закони, за висока раководна служба, за плати и за организација и работа на органите на државната управа“, рече Минчев, одговорајќи на новинарско прашање.

    Тој најави и широка јавна расправа за законските решенија.

    „Мислам дека имаме добра можност да почнеме со минимално кратење на т.н. управни и надзорни одбори или со усогласување на бројот на членови на тие одбори. Секако, ќе следи и спојување на одредени институции во други, со што ќе влеземе во процес кој ни е обврска од ЕУ, а тоа е 40 отсто кратење на буџетските корисници. Сведоци сме дека имаме голем број институции кои имаат по еден или двајца вработени, или во минатото се направени за да задоволат нечии политички или партиски потреби. Сето тоа внимателно ќе го разгледаме и се надевам дека во идниот период, низ јавна расправа, ќе дојдеме до најдоброто решение – овие институции да влезат во рамки на другите за администрацијата да биде помала и поефикасна“, подвлече Минчев.

     

    Previous ArticleЧетири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови
    Next Article Ретроспективна изложба на слики „55 години ликовно творештво” на Боро Арсовски-Бабата

    Поврзани вести

    Пленарна седница на која опозицијата поставува прашања до Владата

    14/10/2026

    Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова, јас веќе кажав

    13/10/2026

    Амандманска расправа за измените на Законот за животна средина, екологистите реагираат

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    МФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ

    Трамп најави интензивни истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.