Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во Берово одржана инфо сесија за Јавниот повик за граѓански организации во рамки на ReLOaD3

    Со средства од ЕУ започна изградбата на скејт-парк во Делчево – нова содржина за младите и туристите во градот

    Градоначалникот на Општина Делчево упатува покана за работна средба со бизнис заедницата за унапредување на соработката и зајакнување на односите

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Лабудовиќ најави воведување на зелен буџет
    Политика

    Лабудовиќ најави воведување на зелен буџет

    11/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Нашата цел е јасна – Центар ќе биде првата општина со Зелен буџет. Секој што ќе врати шише или лименка ќе добие зелени поени што ќе може да ги искористи за купување, паркинг или превоз. Создаваме систем во кој одговорноста не само што се вреднува – туку се наградува,“ изјави Лабудовиќ.

    Со овој концепт, граѓаните што ќе ги користат ПВМ-апаратите за рециклирање ќе добиваат зелени поени што ќе може да ги заменат за практични придобивки во секојдневниот живот – купување во поголемите маркети, плаќање јавен превоз, паркинг, па дури и донации за хуманитарни цели како СОС Детско село.

    Оваа мерка, рече Лабудовиќ е веќе успешна во неколку европски градови, претставува паметен и одржлив модел што ја поврзува екологијата со економијата и секој граѓанин директно ја вклучува во процесот на промена.

    „Зелениот буџет не е само ставка во финансискиот план на општината – тоа е филозофија на живеење. Тоа е доказ дека грижата за природата може да се награди, дека секој од нас може да придонесе, и дека малите навики создаваат големи резултати,“ додаде Лабудовиќ.

    Во рамките на оваа зелена програма, Центар ќе воспостави и нов модел на селекција на отпад, преку соработка со колективни постапувачи, со што ќе се овозможи поефикасно собирање и рециклирање на пластика, електронски отпад, батерии и други материјали. Овој систем ќе ја намали количината на отпад што завршува во депонии, ќе ги намали трошоците на јавните претпријатија и ќе донесе дополнителни приходи за општината преку договори со рециклажните компании.

    Како што кажа Лабудовиќ, посебен акцент се става и на редот и контролата во јавниот простор.

    Ќе се формира новa редарска служба задолжена за надзор на парковите, контејнерите, игралиштата и јавните површини. Таа ќе има задача да спроведува редовни контроли, да изрекува казни за несовесни граѓани и да реагира навремено во случаи на нарушување на јавната хигиена. На критичните локации ќе биде поставен видеонадзор, како превентивна мерка против нелегално истурање отпад и уништување на урбаната опрема.

    „Чистиот град не се гради со казни, туку со ред, навика и почит. Но мора да има одговорност, мора да има ред, и мора да се воспостави систем што ќе го чува она што сите заедно го создаваме,“ потенцираше Лабудовиќ.

    Еден од сегментиte на неговата програма е образованието за најмладите.

    Во сите основни училишта во Центар ќе се воведат четири задолжителни еко-часа годишно, каде учениците ќе учат за отпадот, рециклирањето, загадувањето и значењето на одговорното однесување кон природата. Овие часови ќе помогнат да се изградат нови генерации граѓани кои уште од најрана возраст ќе знаат дека чистата средина е заедничка одговорност.

    „И најважно – ја градиме свеста таму каде што започнува секоја промена: кај децата. Секое дете во Центар ќе има еко-часови за отпад, рециклирање и љубов кон природата. Тоа е најдолгорочната инвестиција – создавање генерации што ќе ја сакаат и ќе ја чуваат својата средина,“ изјави Лабудовиќ.

    Тој уште кажа дека со воведувањето на зелениот буџет, системот за селекција, редарската служба и еко-образованието, Центар се позиционира како прва вистински одржлива и еколошки ориентирана општина во Македонија.

    „Ова не се само мерки – ова е визија за општина што ќе живее по нови зелени правила. Центар ќе биде пример дека вистинската промена почнува со еден избор, со едно шише, со едно дете што ќе научи дека немаме резервна планета. Ова е нашата заложба – за Центар што дише, расте и живее во зелено,“ порача Лабудовиќ.

    Previous ArticleГрик рипортер: Русија ги користи споровите околу Кипар и Македонија за да ја предизвика Грција
    Next Article Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување

    Поврзани вести

    Минчев: Постигнат е историски договор за платите на административците

    09/02/2026

    Постигнат договор за платите на административците меѓу Владата и синдикатите – покачување од 40 отсто за 11.000 вработени

    08/02/2026

    Зоран Заев со „демант на лагите на ВМРО ДПМНЕ“ – бара извинување за „сите лаги, клевети и навреди“

    08/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во Берово одржана инфо сесија за Јавниот повик за граѓански организации во рамки на ReLOaD3

    Со средства од ЕУ започна изградбата на скејт-парк во Делчево – нова содржина за младите и туристите во градот

    Градоначалникот на Општина Делчево упатува покана за работна средба со бизнис заедницата за унапредување на соработката и зајакнување на односите

    Работна средба на градоначалникот на Делчево со директорот на Источно-планскиот регион

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Уапсен измамник во Струмица, со приказната за лажните сообраќајки измамил две возрасни жени

    09/02/2026

    47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Подгответе се за исклучителен избор на филмови, дружење со реномирани светски кинематографери и разговори за седмата уметност

    09/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.