Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Македонија и Македонците постојат во светските архиви пред Коминтерната, Сталин и Тито
    Политика

    Македонија и Македонците постојат во светските архиви пред Коминтерната, Сталин и Тито

    12/12/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На почетокот од Првата светска војна, на 25 август 1914 година, во напис на првите страници на австралискиот весник „Калгурли вестерн аргус“ (Kalgoorlie  Western Argus), објавен е извештај за движената на Балканот, со посебен осврт на македонското прашање. Од денешен аспект на оспорување на посебноста на македонскиот национален идентитет ни историјата, од страна на земји – членки на ЕУ, соседи на Македонија (Бугарија и Грција), и обиди за наметнување на шовинистички наратив за „измислена нација од Коминтерната, Сталин и Тито“, новинскиот извештај во Австралија од 1914 година (кога ниту Коминтерната, ниту Сталин, а ниту Тито историски не се факторизирани ) во кои Македонците се наведуваат како посебен национален ентитет на Балканот ги декласира „аргументите“ на денешните „европејци“ од Бугарија и Грција.

    „Автономијата е посакувана од самата словенска нација: Бугарите, Србите  и Македонците ( до неодамна под турско владеење), Босанците, Хрватите, Словенците , Чехословаците, Полјаците и Рутанците, (сега под австриска власт). Вкупно околу 45 милиони Словени (без Русите) имаат своја сопствена националност, нивни сопствени јазици, литература, историја и посебност , и за да ја задржат таа независност или да ја освојат  – тие ќе се борат до крај.

    Овие нации, една или сите, жестоко се спротивставуваат на останување или на потпаѓање под германска или руска власт.

    Терминот ‘панславизам’, кој вообичаено се употребува е заблуда. Би требало да се чита како ‘панрусизам’, кој има за цел целосна апсорпција и покорување на овие словенски нации. Тоа е програма за наметнување на руските обичаи, рускиот јазик и рускиот карактер.

    Дилемата што треба да се реши при решавањето на македонското прашање е дали овие неруски словенски нации ќе станат руски или германски поданици, или отсега ќе си припаѓаат себеси и ќе станат сила со која може да се смета“, се вели во извештајот на австралискиот весник за позициите во Европа, на почетокот на Првата светска војна.

    Уште порано, на 26 септември 1903 година градоначалникот на Кардиф во Велс, Велика Британија, Едвард Томас свикува итен состанок за поддршка на Македонија поради Илинденското востание против Отоманската империја. Тој ги користи термините „меѓу турската и македонската нација“. Градоначалникот на Кардиф ниту еднаш не го користи терминот „бугарска нација“ во објавата на петтата страница во весникот  „Вестен меил“.

    „Состанок во Кардиф

    Градоначалникот на Кардиф (Алдерман Е. Томас, „Кохфарт“) договори јавна средба што ќе се одржи во Градското собрание во петок, за да се разгледа прашањето за масакрите во Македонија. Тој упати циркуларно писмо до свештенството во градот, во кое се вели: ‘Во други делови од земјата се преземаат сериозни мерки во врска со тешката состојба меѓу турската и македонската нација и смета дека Кардиф треба да биде прв во своите напори за ублажување на страдалното човештво во Македонија. За таа цел, ќе бидам исклучително благодарен ако дадете што е можно поголем публицитет на ова прашање’ “, е наведено во објавата на Вестен меил од Кардиф, на 26 септември 1903 година.

    Уште еден документ од австралиските архиви дава потврда на она што Бугарија сака да го избрише од својата историја, набедувајќи ја денес Македонија за говор на омраза, кога во спомениците им оддава почит на своите борци и жртви од „бугарскиот фашистички окупатор“. Телеграмата на австралискиот премиер во 1942 година за објава на војна на Кралството Бугарија е уште еден доказ дека дури и Македонија да направи „историска амнезија“ на бугарската фашистичка окупација, во светските архиви остануваат доказите за улогата на Бугарија во Втората светска војна  на страната на силите на фашизмот.

     

    „Нацрт-телеграма до Високиот комесар во Лондон

    Ве молам побарајте од швајцарските власти да ја информираат бугарската влада дека Владата на Неговото Височество во Комонвелтот на Австралија објави постоење на состојба на војна со Кралството Бугарија од 3 часот попладне, на 6 јануари според источноавстралиското станддардно време

    Потврдено на 16.1.42“, се наведува во телеграмата со објава на војна на Кралството Бугарија од страна на гувернерот (премиерот) на Австралија на 16 јануари 1942 година.

    Ј.П.

     

     

     

    Previous ArticleПрвата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!
    Next Article Поплави им се закануваат на раселените жители на Газа кои живеат во шатори

    Поврзани вести

    Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот

    18/02/2026

    Минчев: Новиот закон воведува транспарентен систем за избор и оценување на високите раководители

    18/02/2026

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    Поранешниот могул на „Викторија Сикрет“ вели дека Епштајн „украл огромни суми пари од неговото семејство“

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.