Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Малеш ТВ»Видео репортажа од Ѕвегорска Сурова 2026
    Малеш ТВ

    Видео репортажа од Ѕвегорска Сурова 2026

    14/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: општина Делчево

    Со традиционалното ечење на „Сурова“, денеска во делчевското село Ѕвегор повторно оживеа еден од најзначајните обичаи во Пијанечкиот регион, поврзан со празникот Василица и одбележувањето на Старата нова година.

    Под маски и низ форма на театар на отворено, суроваскарите го продолжија вековниот обред чија основна цел е симболичното бркање на злото и благословување на домаќините со желби за здравје, плодност и бериќет во годината што следи.

    Извор: Портал Delcevo 365

    Обичајот, кој по својата автентичност и богатството на маски често е споредуван со вевчанскиот карневал, во Ѕвегор се одвива како весела свадбена поворка. Во неа централно место имаат невестата и младоженецот, придружувани од белаците, бабите, мечките и други ликови со силна симболика. Преку еротски игри се асоцира на плодноста, додека старите баби и мечкарите симболично им помагаат на болните, а црнењето на присутните се смета за обред за здравје.

    Годинава, околу шеесет маски продефилираа низ селото, посетувајќи ја секоја куќа, како што налага традицијата. Улогата на невестата е една од најнапорните, бидејќи бара издржливост и постојано движење, а ја чуваат младоженецот и двајца белаци. Лицето маскирано во невеста раскажува дека учествувало и пред повеќе од три децении, а повторното вклучување во обичајот го доживува како чест и обврска кон традицијата.

    Важен сегмент од Суровата во Ѕвегор е и трпезата, која се подготвува по рецепти што се пренесуваат со генерации. Жителите велат дека за овој ден традиционално се приготвуваат баница со црева, пача и расолница, а суроваскарите се даруваат со грав и компир. Според постарите жители, и во минатото обичајот се одвивал на сличен начин, но со помал број учесници и посетители.

    Извор: Портал Delcevo 365

    Посебна улога во организацијата има кумот на Суровата, кој не учествува во маскирањето, туку е задолжен за координација и пречек на суроваскарите. Тој посочува дека неговата задача е да се погрижи обичајот да се одвива непречено и согласно традицијата.

    Настанот одамна ги надмина локалните рамки и привлекува посетители од земјата и од странство. Годинава, Суровата ја следеа и гости од Турција и Грција, кои за манифестацијата дознале преку социјалните мрежи. Гостинка од Грција истакна дека е особено заинтересирана за автентичните балкански традиции, додавајќи дека во регионот Драма постои сличен обичај наречен „Бабиден“, кој исто така е проследен со традиционални јадења и пијалаци.

    Еден од највпечатливите моменти е учеството на најстариот суроваскар, 79-годишниот Стојан Гоцевски, кој сведочи за промените низ децениите. Според него, пред педесетина години маските биле поприродни и изработувани од достапни материјали, додека денес се позабележливи и помодерни. Сепак, тој нагласува дека суштината на обичајот е зачувана, а особено охрабрува фактот што во Суровата активно се вклучуваат и млади, па дури и деца од 13-годишна возраст.

    Извор: Портал Delcevo 365

    Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека Суровата е едно од најзначајните живи културни наследства во регионот и дека е особено важно што младите ја продолжуваат традицијата. Тој додаде дека општината како главен покровител ќе продолжи да ја поддржува манифестацијата, бидејќи ваквите обичаи ја одржуваат културната идентитетност на Пијанец и ја поврзуваат заедницата.

    Суроваскарскиот обред завршува доцна попладнето со традиционалното откривање на невестата и симболичното симнување на маските на заедничката трпеза подготвена од кумот. Со тоа уште еднаш се потврдува виталноста на овој обичај, кој претставува значаен дел од нематеријалното културно наследство на Пијанец.

    Главен покровител на манифестацијата е Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски

    Previous ArticleЅвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец
    Next Article Сите лидери по средбата се согласија дека техничка влада нема да има после следните парламентарни избори

    Поврзани вести

    Видео од “Кулинарско- музичка вечер 2026” во Пехчево

    24/02/2026

    Видео:Богојавление-водици 2026 Пехчево

    22/01/2026

    Во Пехчево по втор пат се одржува тренинг камп во пинг-понг

    12/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.