Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Зајакнување на соработката на Собранието и ДЗР: Ревизорските извештаи важни за унапредување на институционалната отчетност
    Политика

    Зајакнување на соработката на Собранието и ДЗР: Ревизорските извештаи важни за унапредување на институционалната отчетност

    11/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Гаши потсети дека во ревизијата важи принципот тоа што не е документирано, не е ни направено, нагласувајќи дека Собранието во наредниот период ќе се насочи кон конкретни активности за подобрување на надзорната улога.

    Тој најави три приоритети, како што е зајакнување на механизмите за следење и спроведување на наодите и препораките од ревизијата, унапредување на парламентарните капацитети за толкување на ревизорските извештаи и усогласување на законодавството со европските стандарди, вклучително и донесување на новиот закон за државна ревизија.

    Во обраќањето Гаши ја нагласи и важноста на партнерството со ОБСЕ, чија експертиза, како што рече, е значајна за ефикасно практикување на парламентарниот надзор.

    Според него, извештаите и поддршката на ОБСЕ се од исклучително значење за унапредување на институционалната отчетност.

    „Кога оваа соработка целосно ќе се материјализира, надзорот ќе се врати кај Собранието, одговорноста кај институциите, а транспарентноста кај јавноста“, истакна Гаши додавајќи дека отчетноста во такви услови се претвора во доверба.

    Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, во своето обраќање истакна дека меѓународните оценки – од ОБСЕ/ОДИХР, ГРЕКО и Венециската комисија – постојано укажуваат дека функционалната демократија зависи од тоа колку ефикасно парламентите ги разгледуваат наодите на надзорните институции и ги следат препораките.

    „Како пратеници имате клучна одговорност да барате отчетност од Владата и институциите со цел јавните ресурси да се управуваат законито, транспарентно и во интерес на граѓаните – порача Вал и потсети дека покрај донесувањето закони и буџети, надзорот е еднакво важен дел од работата на парламентот.

    Вал нагласи дека Државниот завод за ревизија е еден од темелите на системот за надзор, обезбедувајќи независни и докази засновани на процени за трошењето на јавните средства и институционалната ефикасност.

    Според него, ревизорските извештаи – вклучително и оние за финансирањето на изборните кампањи – нудат јасни анализи и препораки што заслужуваат парламентарно внимание.

    Тој посочи дека ова е особено важно во контекст на изборите, каде што навременото парламентарно ангажирање во однос на ревизиите на финансирањето на кампањите може да спречи повторување на слабостите и да ја зајакне довербата во изборниот процес.

    Според главниот државен ревизор, Максим Ацевски, ревизијата не е само констатирање слабости, туку инструмент за унапредување на институционалните системи и зајакнување на финансиската одговорност.

    Тој посочи дека ревизорските извештаи се стручна основа за парламентарниот надзор и за демократска контрола врз трошењето на јавните средства, потоа следењето на имплементацијата на препораките дека е клучен елемент за затворање на циклусот на отчетност.

    „Нашите граѓани имаат право да бидат сигурни дека секој денар е искористен на најдобар можен начин. На Државниот завод за ревизија му е доверена одговорноста да обезбеди дека јавните средства се користат во согласност со законите и најдобрите принципи на финансиско управување“, истакна Ацевски.

    Тој додаде дека донесувањето на новиот закон за државна ревизија ќе ја потврди оперативната и финансиска независност на институцијата и ќе го унапреди статусот на вработените.

     

    Previous ArticleВМРО-ДПМНЕ предложи продолжување на рокот за легализирање на објектите
    Next Article Блупринт групата реагира на постапката на Владата при изборот на претставник во работната група за Судскиот совет

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.