Директорот на центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) Трајче Здравков беше во работна посета на Општина Пехчево, каде оствари средба со градоначалникот Александар Китански.
На средбата се разговараше за тековните и идни проекти за регионален развој, со посебен акцент на унапредување на инфраструктурата, поддршка на локалната економија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, се дискутираше и за повиците од Владата на Република Македонија за рамномерен регионален развој.
„Целта на посетата е зајакнување на соработката и координацијата во реализацијата на развојните програми во регионот“, истакна Китански, додавајќи дека ваквите средби се клучни за обезбедување на ефективни проекти кои директно ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните.
Здравков потенцираше дека Центарот ќе продолжи да ја поддржува Општина Пехчево во подготовка и имплементација на развојните програми, со цел обезбедување рамномерен и одржлив регионален развој.
