Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Честитки од Мицкоски до новоизбраниот унгарски премиер Маѓар, не очекува промена во македонско – унгарските односи
    Политика

    Честитки од Мицкоски до новоизбраниот унгарски премиер Маѓар, не очекува промена во македонско – унгарските односи

    14/04/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Доколку ме прашувате дали очекувам промена на односите – не, апсолутно не очекувам“, изјави денеска премиерот Мицкоски по настанот за одбележување на денот на Царинската управа.

    Претседателот на Владата му честита на новоизбраниот унгарски премиер Петар Маѓар, од кој, рече, очекува европски политики и бескомпромисна поддршка во евроинтегративниот процес на Македонија.  Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека имале исклучително блиска и непосредна соработка со претходниот претседател на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, но оти волјата на унгарскиот народ била јасна.

    „Но, волјата на граѓаните во Унгарија е јасна и недвосмислена и на тој начин господинот Петар Маѓар ја доби поддршката од унгарските граѓани. Политиките што тој ќе ги води очекувам да бидат европски, интегративни и очекувам бескомпромисна поддршка за интеграцијата на регионот, вклучително и нашата држава во рамките на Европската Унија„“, рече Мицкоски.

    Специфичните политики, вклучително и прашањето со поранешниот претседател на владата, Никола Груевски, рече дека се одлука на унгарската влада.

    Тој потсети дека екстрадиција за Груевски била побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година од страна на унгарските власти.

    „Од она со што сум запознаен е дека постои процедура доколку лицето има право на азил поради определени причини“, рече Мицкоски и упати за повеќе детали до Министерството за правда.

    Потсети на правосилната пресуда за поранешниот премиер, со која е упатен на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, рече дека нема такви очекувања.

    „Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш по неговото појавување во државата, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување затворска казна, која е во согласност со правосилна одлука. Нормално, секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува потоа жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда, со која лицето е упатено на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, немам такви очекувања“, изјави Мицкоски.

    На прашање дали е загрозен кредитот што Македонија го зеде од Унгарија, премиерот потенцира дека станува збор за договор и дека еднострани промени се невозможни. Договорот е со Ексим банка, не со владата, појасни тој.  

    „Јас не очекувам апсолутно никакви промени, бидејќи договор е договор и треба да се почитува, исто како што ние почитуваме многу договори што се направени во минатото, а кои можеби не ни се допаѓаат. Но тоа е што е, таква е реалноста“, рече Мицкоски.

    Во однос на коментарите на СДСМ, Мицкоски рече дека сестринската партија на СДСМ направи таков резултат што не освоила пратеник во рамките на унгарскиот парламент, а СДСМ истите овие „успеси“, вели, на политичката сцена ги имаше во минатите години, посочувајќи на поразите на сите избори во земјата од 2021, па сè до последните парламентарни избори.

    „Инаку, ‘од СДСМ од светот на лагите’ најинтересно беше она што утрово го прочитав, а тоа е како се радуваат на победата на гсподинот Петер Маѓар, кој, патем речено, потекнува од партијата Фидес на Виктор Орбан и е дел од Европската народна партија, каде што е дел и ВМРО-ДПМНЕ. И, трето, патем речено, сестринската партија на СДСМ направи таков резултат што не ни успеа да освои пратеник во рамките на унгарскиот парламент. СДСМ истите овие ‘успеси’ на политичката сцена ги имаше во минатите години по доживеани два изборни порази во 2021 на локалните избори, потоа двапати беше катастрофално поразен нивниот кандидат на претседателските избори во 2024, потоа беа поразени катастрофално на парламентарните избори, па сега повторно беа катастрофално поразени на локалните избори. И јас, еве, ви велам дека ќе бидат поразени и на следните парламентарни избори кога и да се одржат“,  рече Мицкоски.

    Опозициската партија, вели премиерот, наместо да се посвети на сопствените редови, гледаме дека на дневна основа има високи членови кои се незадоволни од оваа ПР-стратегија „СДСМ во земјата на лагите“, што СДСМ ја рефлектира секој ден.

    „Бараат реформи секој ден, кои изгледа ова раководство не може да ги направи, бидејќи најверојатно има многумина кои се блиски на социјадемокртската идеја, но не сакаат да се приклучат на раководство за кое постојат основани сомненија дека е длабоко вовлечено во криминал и дека за дел од ова раководство постојат основани сомневања дека се уживатели на опојни дроги. Па можеби во едно такво дејство на овие супстанции лиферуваат такви информации какви што лиферуваат“, рече Мицкоски.

     

    Previous ArticleСе намалија цените на бензините и дизелот
    Next Article Мицкоски не очекува да се врати Груевски, но ако се врател ќе одел затвор

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.