Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ЗНАМ: Тие што ја распродаваа Македонија денес држат пресови за наводна корупција
    Политика

    ЗНАМ: Тие што ја распродаваа Македонија денес држат пресови за наводна корупција

    16/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од ЗНАМ велат дека СДСМ свесно ја манипулира јавноста и намерно премолчува факти кои целосно ја разобличуваат нивната лажна конструкција за наводен корупциски скандал.

    „Вистината е дека станува збор за законска, транспарентна и институционално водена постапка, во која иницијативата за измените е поднесена од компанијата Лидл, целата процедура е спроведена согласно закон, а сите документи и информации се јавнодостапни во системот е-урбанизам за увид на секој заинтересиран граѓанин. Дополнително, СДСМ намерно премолчува дека за предметниот опфат постои важечки Детален урбанистички план (ДУП) уште од 2010 година, што уште еднаш ја урива нивната очајна политичка конструкција базирана врз лаги и манипулации“, велат од ЗНАМ.

    Според нив, проблемот на СДСМ, не е ДУП-от туку тоа што во Куманово „осум години наназад не функционира нивниот рекетарски модел на владеење“.

    „Дополнително, вечна болка им е Максим Димитриевски, човекот кој имаше храброст да им се спротивстави на штетните политики и националните понижувања, човекот кој што не им беше под контрола и не успеаја да го натераат да ги предаде македонските интереси за остварување на туѓи агенди и богатење на штета на државата и народот. Токму затоа денес Венко Филипче, политичкиот мегафон на Софија во Скопје, се обидува со лаги и хајки да го прикрие сопствениот политички дебакл и распадот што му се случува во партијата“, велат од ЗНАМ.

    Од партијата повотрно го прашаа Филипче зошто молчи за извесна фирма POWER i8 Ltd., зошто молчи за фирмите поврзани со Заеви во Бугарија, „дали бугарофилската политика на СДСМ е креирана“ во интерес на бизниси и капитал во соседна Бугарија, дали затоа со години ја туркаат тезата дека Бугарија „не го негира“ македонскиот идентитет и дали затоа СДСМ го прифати „Францускиот предлог“ и ги погазила македонските црвени линии.

    „Молкот на СДСМ за овие прашања е најголемото признание. Чесните членови и симпатизери на СДСМ препознаваат дека партијата одамна е заробена од луѓе, интересџии, кои Македонија ја користат како бизнис проект и политичка тезга за лични интереси и профит. Колку повеќе СДСМ шири лаги против Максим Димитриевски и ЗНАМ, толку повеќе народот гледа кој е исплашен. А вистината е едноставна, СДСМ не може да се помири што ЗНАМ прерасна во автентична македонска политичка сила која не потклекнува пред странски центри, не тргува со идентитетот и не ја распродава државата за лични и бизнис интереси“, велат од ЗНАМ.

    Претходно денеска, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ обвини дека Советот на општина Куманово вчера донела скандалозна одлука за измена и дополна на Детален урбанистички план во делот каде што се наоѓале „парцелите од скандалот поврзан со кумот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

    „Со оваа одлука 600 илјади евра ќе си легнат на сметката на Драган Митевски, кум и бизнис партнер на Максим Димитриевски. Максим е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата. Сè е приватен бизнис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери. Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ. Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Вчера со одлука на советот ова е реализирано. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција“, праша Младеновска на прес конференција.

    Previous ArticleТФТ и Пелистер во битка за бронзата
    Next Article Отворено пимо на Менкиноски до Муцунски: Поднесете тужба против Бугарија!

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.